fbpx
Таг: судење

таг: судење

Одложено „Диво Насеље“, на новинарите и адвокатите не им беше дозволен влез во салата

Судскиот процес „Диво Насеље“ за настаните од 9 и 10 мај минатата година денеска повторно се одложи откако судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на новинарите и адвокатите да влезат во зградата на судот каде требаше да се одржи рочиштето. Од Врховниот суд немаше конкретно објаснување зошто на новинарите и адвокатите не им е дозволен влезот. Оттаму само...

Поранешниот диктатор на Чад доби доживотна казна затвор

Судот во Сенегал го прогласи поранешниот диктатор на Чад, Хисен Хабре, за виновен за злосторства против човештвото и го осуди на доживотна казна затвор. „Хисен Хабре овој суд го прогласува за виновен за злосторства против човештвото, силувања, присилно ропство и киднапирања“, се наведува во пресудата која ја прочита претседавачот со Специјалниот суд во Сенегал, Гбердао Гистав Кам. Хабре е осуден за...

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов да ја искористи можноста предвидена во Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување. „ВМРО-ДПМНЕ беше прва партија која јавно излезе со став дека одлуката за аболиција не е во согласност со нашите политики. ВМРО-ДПМНЕ прва предложи четворицата лидери на најголемите политички партии да упатат писмо до претседателот Иванов за да ја преиспита...

Судењето за „Диво Насеље“ повторно одложено

Судското рочиште за настаните во кумановската населба Диво Насеље кое требаше да продолжи денеска во 10 часот ќе биде повторно одложено, велат за „Мета“ од Кривичниот суд. Неофицијално дознаваме дека причина за одложувањето на рочиштето е отсуство на судијата кој го води предметот. Но, сепак причините за одложувањето официјално судот ќе ги соопшти во 10 часот. Денешното рочиште требаше да се...

„Диво Насеље“ ќе се суди во големата сала на Врховниот суд, реши Владата

Следното рочиште за случајот „Диво Насеље“ ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд, откако со одлука на Владата салата му е дадена на времено користење на Кривичниот суд за потребите на ова судење, во кое обвинети се 29 лица за настаните од 9 и 10 мај, минатата година. „Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги информира претставниците на...

Почна судењето на првоосомничениот за терористичките напади во Париз

Осомничениот за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам на денешното прво појавување пред судот откако е испорачан во Франција, не се изјасни дали се чувствува виновен за делото за кое се товари. Денешното рочиште во Палатата на правдата во Париз заврши откако Абдеслам „не сакаше да се изјасни“, рече еден од неговите адвокатите, Франк Бретон, додавајќи дека обвинетиот одлучил подоцна да се...

Судењето на Савески и Куновски одложено, адвокатите сè уште не го добиле вештачењето

Судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се товарат дека учествувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестот од 13 април, е повторно одложено, бидејќи адвокатите на обвинетите не го добиле вештачењето за висината на штетата, кое е одамна изготвено. Недоставеното вештачење, како што пренесува „Академик.мк“, е една од причините за одложување....

Одложена јавната седница за случајот „Шпион“

Јавната седница во Апелацискиот суд за случајот „Шпион“ повторно беше одложена бидејќи дел од обвинетите не беа присутни во судницата, а немаше ниту јавен обвинител од Специјалното јавно обвинителство, кое го презеде случајот. Судијката Љиљана Ивановска-Шопова соопшти дека на 11 мај добиле писмено известување од СЈО дека нема да присуствуваат на денешната јавна седница бидејќи предметот сè уште им е во...

Одложено судењето на Савески и на Куновски

Судењето на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владмир Куновски, кое требаше да почне денеска, е одложено. Причината за одложувањето е тоа што сè уште не е утврдена штетата на секој од обвинетите поединечно, а судот одби да се спојат предметите за овие инциденти. „Остануваме во куќен притвор затоа што обвинителството е неажурно со утврдувањето на штетата врз канцеларијата на т.н....

Битолчани со поддршка за притворените Савески и Куновски

Група од дваесетина битолчани денеска во 10 часот се собраа пред Основниот суд во Битола за да искажат поддршка на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. На двајцата членови на новоформираната партија им се суди за учество во толпа на протестите на „Шарената револуција“. Никола Славески, член на левица од Битола, рече дека во општество каде политичарите од...

Денеска почнува судењето на членовите на Левица

Денеска во Кривичниот суд ќе почне судењето против членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. Двајцата се обвинети за учество во толпа и се наоѓаат во куќен притвор. За нив и за другите осомничени и обвинети, обвинителството процени дека сториле материјална штета од 15.000 евра.

Одложено судењето на двајца демонстранти за кршењето на канцеларијата на Иванов

Судењето на Никола Аризанов и на Филип Наковски, кои се товарат дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот, Ѓорге Иванов, денеска повторно е одложено на барање на Основното јавно обвинителство. Причината за одложувањето на рочишето, како што пренесува „Телма“, е недоволното време за да се изврши проценка кој демонстрант колкава штета предзивикал при демолирањето на канцеларијата. Вчера судијката што го води...

Заврши второто судско рочиште против тетовскиот гинеколог, обвинет за смртта на 33-годишна родилка

Во Основниот суд Тетово денеска заврши второто судско рочиште против гинекологот Казимир Копривњак, обвинет за смртта на 33-годишната родилка Виолета Кировска од Тетово. На рочиштетото искази дадоа анестезиолози и хирурзи, вработени во гинеколошкото одделение при Клиничката болница Тетово и во КАРИЛ од Скопје. Сведочеше и сопругот на Кировска. Хирургот Зоран Караџов од скопската КАРИЛ, изјави дека матката на пациентката Кировска, која...

(Визуелизација) Кои се, што се и колкумина се помилуваните од Иванов?

Одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на сите политичари е објавена во „Службен весник“, каде се наведени имињата на 54 лица помилувани од претседателот. Меѓу нив се и имињата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана...

Косово го прогласи Шешељ за персона нон грата

Само неколку дена откако српскиот националист Воислав Шешељ беше ослободен од обвинувањата за воени злосторства, Косово го прогласи за персона нон грата и му забрани влез во земјата. Слични одлуки донесоа и Хрватска и Босна и Херцеговина. Шешељ, кој планира да учествува на изборите во Србија што ќе се одржат на 24 април, рече дека сака да ги посети местата во Косово...

Гинекологот од Тетово не се чувствува виновен за смртта на родилката Виолета Кировска

Лекарот гинеколог Казимир Копривњак, кого Основното јавно обвинителство Тетово го товари за тешки дела против здравјето на луѓето, на денешното прво судско рочиште изјави дека не се чувствува виновен за смртта на 33-годишната Виолета Кировска. Според обвинителниот акт, Копривњак на 19 август минатата година при породувањето на Кировска не ги презел сите превентивни мерки, поради што пациентката починала. Јавниот обвинител Зулќуфли...

Сослушани четворица заштитени сведоци на рочиштето за „Диво Насеље“

На денешното рочиште од продолжението на судскиот процес за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, сведочеа четворица припадници на полицијата кои беа ранети во борбите со терористичката група во Куманово. Рочиштето, како и претходните, две се одржа зад затворени врати, односно јавноста беше исклучена, бидејќи овие сведоци се во својство на оштетени, а и...

Одложено рочиштето за „Маѓар телеком“, на обвинетите ќе им се суди во отсуство

Денеска повторно се одложи рочиштето за случајот „Маѓар телеком“, во кој обвинети се тројцата поранешни директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус. Како што известија од судот, на минатото рочиште била донесена одлука на обвинетите да им се суди во отсуство. Адвокатот Ненад Јаниќевиќ рече дека добил полномошно од првообвинетиот Атила Сендреи да го застапува на...

Пред Основниот суд Скопје 1 денеска биле уапсени пет лица

Во 14.30 часот пред Основниот суд Скопје 1  приведени биле пет лица од кои двајца биле државјани на Шведска, двајца државјани на Србија и еден македонски државјанин, потврдија од МВР. Кај едното лице биле пронајдени пиротехнички средства  и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава според Законот за заштита од експлозивни материјали. По разговорите со приведените, тие ќе бидат пуштени. Во времето...

Рочиштето за „Диво Насеље“ затворено за јавноста, искази ќе даваат заштитени сведоци

Денеска во 10 часот во Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, за кои се обвинети 29 лица и кои се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација. Денешното рочиште, како што информираат од судот, ќе биде затворено за јавноста бидејќи искази ќе даваат заштитени...

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални...