fbpx
Таг: Студентски Пленум

таг: Студентски Пленум

„Студентски пленум“: Се договоривме да се договориме, окупацијата продолжува

Вчерашната средба на „Студентскиот пленум“ и на УКИМ со претставнците на Министерството за образование и наука не била од одлучувачки карактер и единствениот договор што го постигнале бил да се одржи уште една средба во наредните неколку дена. Во меѓувреме, студентите ќе продолжат со окупација на факултетите. - Средбата не беше од одлучувачки карактер. Ние го изнесовме нашето клучно барање, а...

Работна група ќе подготвува нов закон за високо образование

Работна група составена од претставници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), вклучувајќи ги и „Студентски пленум“ и „Професорски пленум“, како и претставници на Министерството за образование и наука (МОН) во наредните 30 дена ќе прави анализа на состојбите, од која потоа треба да произлезе нов закон за високо образование, е заклучокот од денешната неколкучасовна дебата меѓу засегнатите страни во просториите...

Во тек е дебатата на МОН и на „Студентски пленум“

Во Ректоратот на УКИМ, во тек е средбата меѓу претставници на Владата и на „Студентски пленум“. Засега нема никакви информации, а од пленумот информации околу нивниот став најавуваат за вечерва или за утре. И Зоран Ставрески присуствува на средбата. #ПоздравПленумци pic.twitter.com/ufhfr7z4LG — Fakulteti/Факултети (@fakulteti) February 19, 2015 И претседателот на СПУКМ е овде! Кирил Спирковски. #ПоздравПленумци pic.twitter.com/O9kQIfLG5j — Fakulteti/Факултети (@fakulteti) February 19, 2015 Во...

„Ослободен“ Архитектонскиот факултет

Студентите од Архитектонски факултет денеска прогласија автономна зона. Ходниците на факултетот ги наполнија со шатори, храна и со пијалаци. Во моментот кога ги посетивме, се подготвуваа за трибина. Студентите повикуваат на солидарност и секој кој има можност да им донира храна, овошје, тоалетна хартија и пијалаци. - Вечерва остануваме тука. Не знаеме колку точно студенти планираат да останат - велат тие. Студентите од...

Пленумците од Битола ноќеска останаа без струја во автономната зона

На минус 10 Целзиусови степени ја минаа ноќта пленумците од Битола, кои вчера прогласија автономна зона на Техничкиот факултет. Дваесет и пет студенти, момчиња и девојчиња, во студените простории спиеле само на стиропор и во вреќи за спиење. Згора на тоа, постојано им паѓале осигурувачите, па било невозможно да вклучат и грејни тела. На располагање имаат само две простории, од...

МОН и УКИМ ќе дебатираат во Ректоратот?

Средбата помеѓу работните групи на Министерството за образование и наука и преставници на УКИМ, меѓу кои и студентите, која требаше да се одржи пред два ден, најверојатно ќе се одржи утре, во Ректоратот на Универзитетот. Студентите побараа средбата да се одржи на академско тло и не прифатија да се сретнат во Владата или во Министерството за образование. - Посочуваме дека од...

Пленумци: Нè има и на Универзитетот „Гоце Делчев“

Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип им дадоа поддршка на своите колеги од „Студентски пленум“ во окупацијата на факултетите. Штипските студенти попладнево одржуваат координативна средба за следните насоки за дејствување. Окупација на фукултетите на УГД засега нема, но студентите се огласија со соопштение до јавноста. Во него, тие потврдуваат дека пленумци има и во Штип, но се плашат гласно да го...

Утре ќе се окупира Архитектонскиот факултет на УКИМ

На фејсбук-страницата на студентското списание „Излез“ пишува дека е изгласана третата автономна зона и дека утре се планира да се окупира Архитектонскиот факултет. Додека сè уште се договара најавената среба меѓу Министерството за образование и „Студентски пленум“, продолжуваат окупациите на факултетите. Денеска е ослободен Техничкиот факултет во Битола, а пленумците ја блокирале наставата на Педагошки факултет.  

Техничкиот факултет во Битола од денеска е автономна зона

Техничкиот факултет во Битола стана автономна зона откако денеска четириесетина членови на „Студенстски пленум“ ги запоседнаа просториите на факултетот. -Денеска сме тука да извршиме ослободување и да прогласиме автономна зома. Целта ни е да извршиме притисок врз Министерството за образование и наука (МОН) да покаже конструктивност и позитивен став кон студентите за нов и подобро осмислен закон за високото образование....

Информативна пролет со „Твитер“ и со „Јутјуб“ во Македонија

Студентските маршови и протести, „бомбата“ на Заев и сега „контра-бомбата“ на Анонимусите и случајот со малата Тамара од Велес се темите за кои социјалните мрежи зовреа. За разлика од твитер-заедницата, која неуморно твиташе и споделуваше информации на овие теми, традиционалните медиуми парцијално ги пренесоа или целосно ги игнорираа. Тие полека ја губат битката со времето, па информациите им доцнат и...

Студентите бараат преговорите да се водат на Универзитетот

Пред денешниот состанок на работната група за високото образование, која беше најавена од Министерството за образование, од „Студентски пленум“ инсистираат владините претставници да дојдат на Универзитетот. - Посочуваме дека од овој момент натаму, преговорите не треба да се водат во Министерството за образование или во Владата. Дебатата за универзитетот мора да се одвива на универзитетот - наведуваат од пленумот, кој останува...

Охриѓани собираа помош за „Студенстски пленум“

Група граѓани денеска поставија пункт за собирање помош за „Студенстски пленум“ кај Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Граѓаните донираа парични средства и продукти на повикот објавен на социјалните мрежи за поддршка и за помош на „Студентски пленум“, кој деновиве окупираше повеќе факултети во Скопје и ги прогласи за автономни зони. - Ова е спонтана граѓанска иницијатива за поддршка на...

Студентите денеска ќе решат дали ќе преговараат со Адеми

Трет ден трае окупацијата на факултетите и студентите се во автономната зона, а од Министерството за образование и наука вчера предложија прва средба на работните групи за унапредување на пакетот реформи во високото образование, односно носење нов закон за високо образование да се одржи в понеделник. Студентите велат дека сè уште не знаат дали и кој од нив ќе...

„Студентски пленум“ го зазеде и Машински факултет

Студентите од Техничките факултети во холот на Машински факултет прогласија автономна и ги повикаа сите студенти да ја бојкотираат формалната настава и да им се придружат. - Денес се бориме за она што уставно му припаѓа на универзитетот, а тоа е неговата автономија. Тука сме да покажеме дека студентите не се само статистичка бројка на универзитетот и дека студентскиот активизам...

Студентите заспаа со музика, се разбудија со професорите

Првата ноќ на студентите во прогласената автономна зона на Филозофски факултет помина мирно и во креативна атмосфера, исполнета со позитивна енергија. Кога ги посетивме утрово да видиме како им поминала ноќта, нè пречекаа со кафе и со сендвичи. Засега не им се потребни донации од храна бидејќи велат дека имаат доволно за три-четири дена. За дополителните донации што ќе им...

МОН: Наскоро работна средба за нов закон за високо образование

Дискусијата за нов закон за високо образование на ниво на работни групи со сите засегнати страни ќе се случи во следните неколку денови, велат од Министерството за образование и наука. Сенатот на УКИМ треба да номинира претставници на академската заедница, на професорите и на студентите, кои ќе учествуваат во целосното заокружување на процесот и во реализација на договорот од...

И техничките факултети на ред за окупација

Студентите денеска ќе ги окупираат техничките факултет и таму ќе прогласат автономна зона. По седмиот пленум, одржан на Филозофски и на Филолошки факултет, „Студентски пленум“ организира пленум кој ќе се одржи меѓу Машинскиот факултет и Анексот, по што студентите ќе ги окупираат и техничките факултети. Студентите бараат целиот пакет измени на Законот за високо образование да се одложи до 2018...

Студентите од автономната зона се пошегуваа во емисијата „Јади бурек“

Студентите кои одлучија да преспијат во автономната зона на Филолошки факултет, вечерва се пошегуваа на сметка на водителот Јанко Илковски. Пленумци преку „скајп“ се вклучија директно во емисијата „Јади бурек“ на телевизијата „Сител“. Разговорот го почна студентот кој се претстави како Ѓорѓи. Тој му се пожали на Јанко дека не може нормално да оди на настава на факултет. По краткиот...

Студентите бараат донации во храна и во опрема и остануваат во автономната зона

Студентите, преку својата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“, порачуваат дека ќе останат на Филозофски/Филолошки факултет сè додека не се исполнат сите нивни барања. Тие на својот профил објавија повик до граѓаните, преку донации да им помогнат во нивната борба. Студентите ќе бидат на факултетот секојдневно, така што може да се посетат во текот на целиот ден. Набргу ќе следи и алтернативниот студентски...

Студентите ги окупираа и факултетите и предавањата

Студентите денеска прогласија автономија и го„ ослободија“ универзитетот, кој ќе биде под студентска контрола. Тие ја побараа уставно загарантираната автономија така што и ќе спијат на универзитетот и ќе држат алтернативни предавања. - Нашите барања и нашите аргументи беа игорнорирани, студентите беа етикетирани и заокружувани, министерот за образование бегаше од дебата со нас, беше формиран контрапрофесорски пленум кој тврдеше дека...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...