fbpx

Техничкиот факултет во Битола од денеска е автономна зона

-

Техничкиот факултет во Битола стана автономна зона откако денеска четириесетина членови на „Студенстски пленум“ ги запоседнаа просториите на факултетот.

-Денеска сме тука да извршиме ослободување и да прогласиме автономна зома. Целта ни е да извршиме притисок врз Министерството за образование и наука (МОН) да покаже конструктивност и позитивен став кон студентите за нов и подобро осмислен закон за високото образование. Многу месеци нè игнорираа и сакаме да порачеме дека сме тука, дека имама силна волја и силен став да смениме нешто во оваа општество. Баби и дедовци, ние излегуваме за подобро утре – вели Соња Алексовска, студент на Педагошки факултет во Битола.

Студентите велат дека дел од нив имале притисоци да не се појавуваат на денешната окупација бидејќи тоа не би било добро за нив, но и покрај инсистирањето на новинарите, не открија од каде биле испорачани тие притисоци.

– Имавме протисоци да не излегуваме на ова ослободување бидејќи, наводно, не било во наш интерес. Се покануваат сите професори и оние кои не нè подржаа да дојдат и да држат овде алтернативни предавања. Ние сме отворени – вели Алексовска.

Студентите најавија дека ќе ја бојкотираат и попречуваат наставата на факултетот, но дека нема да опструираат дипломски и испити. Исто така, најавија дека веќе имаат програма по која ќе се водат во рамките на автономната зона, што ќе подразбира предавања, перформанси, настапи на музучки групи и повикаа на поддршка од граѓаните.

Студентите денеска биле повикани кај деканот на Техничкиот факултет и од нив било побарано да преземат одговорност доколку нешто се случи со опремата на факултетот.

– Од деканатот ни кажаа дека не ќе може да останат кадри на факултетот со нас во текот на вечерта и затоа од нас побараа да гарантираме за она што е имот на факултетот. Ние кажавме дека имаме редарска служба – вели Борис Николевски.

Најавата за контрапротест не беше реализирана.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...