fbpx

Авганистан: 20 полицајци загинаа при самоубиствен бомбашки напад

-

Најмалку 20 полицајци денеска загинаа, а осум се повредени при самоубиствениот напад на полициска станица во Пул-и-алам, главниот град на авганистанската провинција Лагор.

Нападот на полициската станица во Пул-и-алам, 80 километри источно од Кабул, го извеле четворица бомбаши-самоубијци, така што првиот ја детонирал експлозивната направа на влезната капија во седиштето на полицијата, додека другиот се разнел во полицискиот комплекс.

Двајца бомбаши-самоубици се разнеле додека полицајците се собирале во трпезаријата за ручек.

Одговорноста за нападите ја презедоа талибанците, кои во последно време го засилија нападите на авганистанските сили за безбедност, по повлекувањето на странските војници во Авганистан кон крајот на декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...