fbpx
Таг: средно образование

таг: средно образование

Родители бараат онлајн настава, МОН децидни – од септември ќе се учи во училница

„Поддршка за онлајн настава во учебната 2020/2021 година“ е името на групата на Фејсбук, која брои околу 3.500 членови, а која деновиве „врие“ од коментари поврзани со стартот на новата учебна година. Многумина родители најавуваат дека нема да ги пуштат децата на училиште бидејќи како што велат, здравјето им е приоритет. Сепак, и покрај барањата наставата да се изведува...

„Метаморфозис“ предлага продолжување и продлабочување на консултациите за Концепцијата за далечинско образование

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, одговорајќи на јавната покана од Министерството за образование и наука (МОН) за Јавна консултација за нацрт верзијата на Концепцијата за далечинско образование, објави стручно мислење врз основа на своите досегашни искуства и специјалистичка експертиза во областа на ИКТ и образованието. Најнапред, „Метаморфозис“ смета дека дадениот рок до 10 јули е прекраток и предлага тој...

ХЕРА: Партиите да се заложат за воведување на сеопфатното сексуално образование како предмет во училиштата

Од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) упатуваат апел до сите кандидати и кандидатки од политичките партии, како и до сите чинители вклучени во изборните кампањи, да користат јасни недвосмислени пораки и точни информации кога станува збор за сеопфатното сексуално образование (ССО). „Кога се едукацијата и квалитетното образование во прашање, младите имаат право да бидат навремено и правилно информирани....

Доцна и нецелосна најава на тестирањата за упис во средно, реагира Младинскиот образовен форум

По вчерашната најава дека во средните училишта во кои ќе има повеќе заинтересирани ученици од слободни места во прва година ќе биде спроведено квалификационо тестирање, Младинскиот образовен форум изрази загриженост околу целиот процес на тестирањето. За нив проблематично е тоа што за точниот термин учениците беа известени нецели четрити дена пред тестирањето за два теста, по математика и мајчин јазик,...

Афинитетите на учениците и развој на наставниците во фокусот на новите закони во образованието

Министерството за образование и наука подготвува Закон за основното образование со кој се предвидува уредување на воспитно-образовниот процес кој се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем. Како главна цел на новиот закон се наведува обезбедување системски пристап кон поттикнување на когнитивниот, афективниот и психомоторниот развој на детето согласно неговите потенцијали...

Анализа и инфографик: Не ги заслуживме бесплатните учебници

Државата речиси 10 години наназад обезбедува бесплатни учебници за сите основци и средношколци во Македонија. Искуството и праксата низ годините покажаа дека децата и родителите не се грижат добро за нив, но одговорност за таквата ситуација сносат и одговорните во институциите, кои не наоѓаат начини тие да бидат поквалитетно изработени и печатени. Пред 10 години, државата им ги подели првите...

За в година се подготвуваат нови програми и нови учебници по информатика

Седмоодделенците во Македонија, на часовите по информатика користат учебник издаден во 2009 година. Учебникот е комплетно нефункционален затоа што содржината не кореспондира со она што го налагаат современите текови во таа област. По пишувањето на „Мета“ дека и средношколците учат програмирање со учебник од 2010 година, во Министерството за образование и наука со одговор дека се подготвува нова програма и...

Во новата учебна година со корегирани 22 учебници

За учебната 2018/2019 Министерството за образование и наука низ училиштата ќе достави 22 корегирани учебници, а од оваа учебна година сите учебници што бесплатно им се даваат на учениците ќе бидат достапни и во слободнна продажба, по истата цена по која ги откупува министерството, рече на прес-конференција министерот Арбер Адеми. Станува збор за учебниците по математика од прво до деветто...

Заев со германските бизнисмени разговарал за развој на средното стручно образование

На средбата на премиерот Зоран Заев со претставници на германската Комора за индустрија и трговија во Берлин, денеска се зборувало и за концептите за средно стручно образование во Македонија и за енергетската ефикасност и за обвновливите извори на енергија, соопшти македонската влада. На средбата на која бил придружуван од вицепремиерите Радмила Шекеринска и Бујар Османи, македонскиот премиер со својот домаќин,...

Дескоска: И „Кембриџ“ предупредувал дека се брза со програмата за средно образование

Веднаш по одлуката за одложувањето на Кембриџ-програмата во средното образование, од „Кембриџ интернешнл“ бев информирана дека и тие со свои дописи уште во 2016 година изразиле загриженост за брзањето при воведување на оваа програма во средните училишта и со начинот на избор на учебниците, информираше министерката за образование и наука, Рената Дескоска. Образложувајќи го постигнатото во изминатите 100 дена, таа ги...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за директор на „Танец“ постави човек со средно градежно училиште

Алаѓозовски е поим за неспособност и деструкција. Тој е целосно неспособен и незаинтересиран за развојот на културата која секојдневно ја разорува. Поставувањето на Стојанче Павловски за в.д. директор на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е уште еден доказ за хаосот и партизацијата што ги создава СДС, рече денеска на прес-конференција Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече...

Кржаловски: СДС ќе ја стопира имплементацијата на најкрупната образовна реформа

Антиреформската влада предводена од СДС одлучи да ја стопира имплементацијата на најкрупната образовна реформа, со која во изминатите три години се издвоивме како единствена земја и лидер во регионот кога е во прашање модернизацијата на системот на образование до 18-годишна возраст, изјави денеска пред Министерството за образование и наука Лука Кржаловски од ВМРО-ДПМНЕ - Наместо да обезбеди континуитет во воспитно-образовниот...

Владата го усвои предлог-планот за итните реформи „3 – 6 – 9“, деталите подоцна

Владата на Република Македонија на денешната седница го усвои предлог-планот „3 - 6 - 9“, за спроведување на реформските приоритети, неопходни за евроатлантските интеграции на земјава, соопшти владината прес-служба, додавајќи дека деталите од планот дополнително ќе бидат соопштени. На седницата од Министерството за внатрешни работи било соопштено дека поради застареност е потребно да се ревидира постојната стратегија за радикален екстремизам....

Десковска најави блокада за Кембриџ-програмата во средното образование

Министерката за образование и наука, Рената Треневска-Десковска, денеска најави дека е почнат обид да се спречи воведувањето на Кембриџ-програмата во средното образование и вели дека е можно да се намали бројот на предметите во основното образование. Десковска рече дека се бараат правни механизми пред почетокот на новата учебна година да се стопира уште една, според неа, штетна мерка во образованието. Министерката...

Матурантите денеска ќе го полагаат првиот тест од државната матура

Вкупно 16.426 матуранти денеска со полагањето на тестот по мајчин јазик и литература ќе ги започнат полагањата на тестовите од државната матура кои ќе траат до 14 јуни. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10.632 матуранти за македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик. На 10 јуни е закажано полагањето на странски јазик. Најголем...

Заев: Се надевам дека до 5 јуни ќе го укинеме екстерното тестирање

Ние ќе побрзаме со формирањето влада за да можеме пред 5 јуни, датумот на екстерното тестирање, со одлуки или со закон да го укинеме овој експеримент, кој се покажа како неуспешен, рече мандатарот за составување на новата влада, Зоран Заев, откако претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му го врачи мандатот. - Ние ветивме укинување на екстерното тестирање, тоа ќе биде...

Учениците од плачковичките села ќе тргнат на училиште

Еден и пол месец по почетокот на учебната година, дваесетина ученици од подплачковичките села во Карбинско ќе тргнат на училиште. Општината Штип ја исполнила својата законска обврска и им обезбедила превоз на учениците. Родителите неодамна реагираа, исплашени од казните што можат да им следат поради тоа што децата не посетуваат настава. Општина Штип склучи договор за превоз на учениците од подплачковичките села со фирмата...

Програма по „Кембриџ“ од идната година и во средното образование

Примената на учебници по наставната програма од „Кембриџ“ за математика и за природни науки целосно заврши во основното образование, а од следната година проектот ќе продолжи и во прва година средно образование, соопшти денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Заменик-министерот рече дека се завршени наставните планови и програми за учебници за 113 предмети за средно стручно образование кои...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...