Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Заев: СДСМ е подготвен за избори, а јас за иден премиер

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен за избори, вели лидерот на опозициската партија, Зоран Заев, во интервју за „Радио Слободна Европа“ и додава дека ако народот одлучи да му ја даде поддршката, тој „секако ќе ја зграпчи честа“ да биде иден премиер на државата. „Ние сме единствената партија што во декември донесе изборна програма на конгрес, подготвена со формиран штаб...

СДСМ: Груевски потврди дека стои зад срамното обраќање на Иванов

Долгиот и здодевен говор на Никола Груевски е пример за тоа што зборуваат изгубени политичари на кои времето им поминало, а ги чека соочување со правдата и со казната од граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ во врска со обраќањето на лидерот на владејачката партија на 25. конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека со сценаријата за...

Нема притвор за Грујовски, Поп-Стефанија само му го одзеде пасошот

Судијката Александра Поп-Стефанија го одбила барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски, и донела одлука на началникот на петтата управа на УБК да му биде одземен само пасошот, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. „Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои се поврзани и...

СЈО бара изземање на Поп-Стефанија, судот има три дена да одлучи

Судијката Александра Поп-Стефанија го прекинала сослушувањето на осомничените во случајот „Тврдина“, по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за нејзино изземање од предметот, соопшти Основниот суд Скопјe 1. „Судијата на претходна постапка, пред да заврши со распитот на еден од повиканите лица по повод предлогот поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои се поврзани и произлегуваат...

Јанкулоска: Сосема сум спокојна, истрагите на СЈО се нарачка од СДСМ

Сосема сум спокојна бидејќи немам направено никакво кривично дело и во целокупниот период додека бев на функција во Министерството за внатрешни работи, работев професионално, изјави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по распитот пред судија на претходна постапка. Распитот на Јанкулоска, која е третоосомничена во случајот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), траеше речиси три часа. Поранешната министерка,...

Предметот за куќниот притвор на Талески испратен во Апелација

Кривичниот суд денеска го испратил до Апелацискиот суд предметот за куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Предметот е комплетиран и доставен до Апелацискиот суд - ни изјави портпаролката на судот, Паула Божиновска. За испраќање на предметот до Апелација се...

Судот чека доказ дека Талески го добил решението за куќен притвор

Кривичниот суд сè уште не го испратил предметот за битолскиот градоначалник Владимир Талески до Апелацискиот суд, иако, според најавите од судот, тоа требаше да се случи уште вчера. Од Основниот суд Скопје 1 велат дека жалбата на одбраната на Талески не е доставена бидејќи предметот сè уште не бил комплетиран. „Се чекаат доставници од битолската полиција за да се доуреди предметот....

Кривичниот совет ја укина одлуката на судијката Поп-Стефанија за „Тврдина“

Судија на претходна постапка повторно ќе одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на Горан Грујовски и за мерките за претпазивост против другите осомничени во случајот „Тврдина“, откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на СЈО и ја укинал претходната одлука на судијката Александра Поп-Стефанија. „Жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела...

Кривичен совет: СЈО неосновано ги бара пасошите на Груевски, Јанакиески и на Трајковски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја отфрли како неоснована жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврди одлуката на судијата да не им одреди мерки на претпазливост на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, и на градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, тројцата осомничени во случајот „ТНТ“ на Специјалното...

СЈО за говорот на Груевски: Не коментираме политички изјави

Специјалното јавно обвинителство не ги коментира изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој вчера, по повод 26. роденден на партијата, меѓу другото, изјави дека СЈО го изгубило својот кредибилитет и дека работи непрофесионално и под диктат на СДСМ. „Како што сме изјавиле повеќепати, ова јавно обвинителство не коментира политички изјави“, кратко одговараат од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева, на...

ВМРО-ДПМНЕ: Талески доби притвор под притисок на СДСМ

Судот потклекна на бескрупулозниот и отворен притисок на СДСМ, кој нема никаква врска со правдата и со почитувањето на законите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Кривичниот суд да му одреди куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосоменичен во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. „Само неколку часа откако СДСМ се закани...

Георгиевски: Ако ВМРО-ДПМНЕ не се реформира, може да експлодира

„ВМРО-ДПМНЕ денес е во многу критична и тешка состојба. Колку и партијата однадвор да изгледа монолитна, може да ѝ се случи таква експлозија, по што од неа ништо нема да остане. Ќе навлезе во целосно распаѓање. Балканот е полн со такви примери. Партијата тешко ќе се извлече од таквата ситуација ако не промени нешто“, вели поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо...

Талески во куќен притвор, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи одлуката на судијата и му одреди куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти попладнево Кривичниот суд. Претходно, на Талески, кој беше на распит во судот во понеделникот оваа недела, му беше одземен само пасошот иако СЈО за...

СЈО: Апсурдни се тврдењата дека мора да има „бомба“ за да бидеме надлежни за „Тврдина“

Апсурден и нелогичен е ставот и тврдењето на судијата кој ја спори надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“ и врз сонова на кој ги одби барањата за одредување притвор за Горан Грујовски и за мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, велат од СЈО. Оттаму до Кривичниот совет...

Апелација: Судењето за случајот „Пуч“ може да продолжи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, повторно ќе седнат на обвинителна клупа во случајот „Пуч“, откако Апелацискиот суд Скопје ја уважи нивната жалба на одлуката на Кривичниот суд за запирање на судската постапка, по аболицијата од страна претседателот Ѓорге Иванов од 12 април годинава. Покрај Заев и Верушевски, кој...

Судот бара да ја чуе „бомбата“ за да одреди притвор за Грујовски и за Јанкулоска

Судијата на претходна постапка ги отфрли барањата на Специјалното јавно обвинителство и не му одреди притвор на Горан Грујовски, како и мерки на претпазливост на другите четворица осомничени во случајот „Тврдина“, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлози за определување мерка притвор против лицето...

СЈО до судот: Барањето за притвор на Грујовски е во ред, вие го проблематизирате

Специјалното јавно обвинителство одговори на барањето на Кривичниот суд за доуредување на предлогот за притвор за Горан Грујовски, осомничен во случајот „Тврдина“, односно одредување мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Судот во петокот побара од СЈО во рок од три дена да го доуреди предлогот, а во спротивност ќе ги...

Талески куртули од притвор, но остана без пасош

Судијата го одби барањето на СЈО за притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој денеска два часа беше на распит во Кривичниот суд, како првоосомничен во случајот „Транспортер“. Сепак, како што информираат од судот, на Талески му е одземен пасошот. „Во врска со предлогот за определување мерка притвор против осомничениот В.Т., кој е опфатен во предметот на Јавното обвинителство за гонење...

Заврши распитот, Талески на задна врата излезе од судот

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, по двочасовен распит пред судија на претходна постапка, од задната врата го напушти Кривичниот суд во Скопје. Специјалното јавно обвинителство бараше од судот на Талески да му биде одреден притвор, но засега од судот нема информација дали на битолскиот градоначалник му е одредена некаква мерка за обезбедување присуство или, пак, ќе...

Талески на распит во Кривичниот суд во Скопје за случајот „Транспортер“

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, претпладнево, околу 11 часот, се појави во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија на претходна постапка за случајот „Транспортер“. Талески, како што јавува „Плусинфо“, во судот дошол со адвокатот Никола Додовски, кој е бранител на повеќето високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за кои СЈО има отворено кривични постапки и беа на распит пред судија на...

Нападите во Русија со американски ракети се клучни за Украина да стави крај на војната, вели Зеленски

Володимир Зеленски побара од Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина да изврши удари со долг дострел во Русија со оружје испорачано од САД. Говорејќи пред клучното патување следната недела...