fbpx

СДСМ: Груевски потврди дека стои зад срамното обраќање на Иванов

-

Долгиот и здодевен говор на Никола Груевски е пример за тоа што зборуваат изгубени политичари на кои времето им поминало, а ги чека соочување со правдата и со казната од граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ во врска со обраќањето на лидерот на владејачката партија на 25. конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека со сценаријата за „напади со специјални средства“, кои Груевски ги спомена денеска, тој покажал дека, всушност, тој стои зад „срамното обраќање на лицето Ѓорге Иванов пред два дена“.

„Граѓаните знаат дека криминалната структура на власт е најсериозната опасност за Македонија и најголемата опструкција за нејзината иднина! Нападите врз Специјалното јавно обвинителство го потврдуваат стравот кај Груевски од враќањето на правдата и докажуваат дека тој стои зад сите хајки против оваа независна институција…На прво место во изминатите 10 години, на Никола Груевски не му беше државата туку личното богатење на „фамилијата“, парцелите на Водно, провизиите, тендерите за споменици тешки 630 милиони евра. Затоа никој не му верува на Никола Груевски. Ниту чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои сè погласно зборуваат за негова одговорност“, стои во реакцијата на опозициската партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...