Кривичниот совет ја укина одлуката на судијката Поп-Стефанија за „Тврдина“

-

Судија на претходна постапка повторно ќе одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на Горан Грујовски и за мерките за претпазивост против другите осомничени во случајот „Тврдина“, откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на СЈО и ја укинал претходната одлука на судијката Александра Поп-Стефанија.

„Жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) за лицето Г.Г., кое е опфатено во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“, се уважува, а во врска со решението на судија на претходна постапка од 14 јуни 2016 година со кое предлогот за определување мерка притвор од страна на судија на претходна постапка беше отфрлен, денеска советот го укина ова решение и истото се враќа на повторно одлучување пред судија на претходна постапка. По однос на жалбите на СЈО за осомничените лица Т.Ј., Г.Ј., Н.Б. и В.С. исто така опфатени во предметот „Тврдина“, Кривичниот совет донесе решение со кое жалбите се уважуваат, а решението на судијата на претходна постапка од 14 јуни 2016 година со кое беше отфрлен предлогот на СЈО за определување мерки на претпазливост, се укинува и се враќа на повторно одлучување“, стои во соопштението на судот.

Оттаму посочуваат дека против решенијата на Кривичниот совет не е дозволена жалба.

Судијката на претходна постапка, Александра Поп-Стефанија, претходно ги отфрли барања на СЈО за притвор и за мерки на претпазливост и ја оспори надлежноста на СЈО за предметот „Тврдина“.

Од СЈО тогаш одговорија дека станува збор за одлука во која има апсурдни и нелогични тврдења.

Началникот на петтата управа на УБК и другите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се товарат дека уништиле два системи од незаконското прислушување, вредни 10 милиони евра.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...