четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Совет за етика во медиумите на Македонија | 21 резултати

Нови правила во „Промедиа“ за поголем ред во онлајн информирањето

ноември 21, 2022

Неодамна во организација на повеќе професионални онлајн медиуми се одржа координативен состанок на кој беа усогласени повеќе нови правила за членство во Промедиа, првиот доброволен национален регистер на онлајн медиуми. Во пресрет на новите донесени и очекувани директиви на ЕУ за медиумите, ова е сериозен обид да се стави поголем ред во онлајн сферата преку […]

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и СЕММ ги објавија првите Насоки за етичко известување на онлајн медиумите

март 5, 2021

Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа Советот за етика во медиумите (СЕММ) во изготвувањето на Насоки за етичко известување на онлајн медиумите, кои денеска беа објавени во Скопје. Насоките изготвени по широка консултација со медиумската заедница во Северна Македонија, ќе помогнат во развојот на […]

ССНМ, ЗНМ и СЕММ: Осуда за заканите и дискредитациите кон новинари од Лидија Димова

октомври 13, 2020

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон колегите од онлајн медиумот „А1он“ од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија […]

ЕК во извештајот нотира дека Регистарот на онлајн медиуми е во насока на напредок на професионалните стандарди

октомври 8, 2020

Во Извештајот за напредокот на земјата за 2020 година на Европската комисија интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството. Во делот поврзан со слободата на изразување, се нотира и формирањето на Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) од страна на Здружението на новинарите на Македонија […]

МВР го приведе напаѓачот на екипата на Ал Џазира, осуди за нападот од АВМУ и СЕММ

септември 10, 2020

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека го привела лицето што ја нападна новинарската екипа на Ал Џазира за време на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ. Од МВР велат дека новинарката Милка Смилевска пријавила дека на улица „Македонија“ каде се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговарала со едно од лицата кои […]

До крајот на годинава би бил готов нацрт-нов Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

септември 4, 2020

Ангажираниот експерт од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) месецов ќе ја предаде првичната верзија на анализата за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за правда. Во изминатиов период биле реализирани интервјуа со судии од Основниот граѓански суд во Скопје и Основниот суд во […]

„Порталб.мк“ ќе преземе мерки против порталите кои манипулираа со резултатите од предизборната анализа на Роберт Несими

јули 14, 2020

Повеќе портали на албански јазик од земјава, ја злоупотребија во изборни цели за време на изборен молк анализата која „Порталб.мк“ традиционално секој изборен циклус ја објавува во соработка со експертот Роберт Несими, а се однесува на предвидување на резултатите на изборите. Иако „Порталб.мк“ ја објави оваа анализа пред почетокот на молкот, целосно спротивно на новинарските […]

ЗНМ и СЕММ го осудуваат директното кршење на изборниот молк од некои онлајн медиуми

јули 14, 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро ги осудуваат случаите на грубо прекршување на изборниот молк од страна на повеќе онлајн медиуми во текот на вчерашниот ден, што претставува сериозно компромитирање на изборниот процес. „Се оди дотаму што медиуми коишто и самите потсетуваат како да се […]

Советот за етика ја поддржа жалбата на новинарката Мирослава Бурнс против порталот „ДоказМ“

јуни 15, 2020

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија утврди дека жалбата на новинарката Мирослава Бурнс поднесена поради два написи објавени на порталот „ДоказМ“ е основана. Комисијата одлучи дека написите на „ДоказМ“ прекршиле дури 6 членови од Кодексот на новинарите на Македонија. Станува збор за членот 1 (потребата од објавување точни и проверени […]

Регистарот на СЕММ и ЗНМ постои за препознавање на професионалните медиуми, а не за делење дозволи за движење

март 23, 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потенцира дека Регистарот на професионални онлајн медиуми на Советот за етика во медиумите (СЕММ) и ЗНМ е изработен на волонтерска основа и единствено служи за да се промовираат и афирмираат медиумите кои ги почитуваат професионалните стандарди и критериумите за членство во овој регистар. Од ЗНМ во нивното соопштение нагласуваат […]

Синдикатот на новинари и Советот за етика во медиумите ги осудуваат онлајн нападите врз новинарката Бурнс

март 2, 2020

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите најостро ги осудуваат нападите, навредите и онлајн малтретирањето врз новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс, од страна на вработен во Царинската управа на Македонија. Во соопштението на ССНМ се вели дека новинарката Бурнс на нивната телефонска линија за помош при напад […]

СЕММ и ЗНМ бараат внимателност при известувањето за самоубиства

април 10, 2019

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите (ЗНМ), по повод известувањето на медиумите во врска со случаите на самоубиство ги повикуваат новинарите на почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање. “Притоа, потсетуваме на член 7 од Кодексот на новинарите, според кој „новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, […]

Европските колеги ги поддржаа новинарските здруженија против измените на Изборниот законик

август 14, 2018

Европската федерација на новинарите (ЕФН) даде силна поддршка на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), кои се спротивставија на последните измени на Изборниот законик. Според измените, и во приватните медиуми ќе се спроведува платено политичко рекламирање во […]

ААВМУ и СЕММ бараат да престане арогантното и недолично однесување кон медиумските работници

јули 19, 2018

По вчерашниот инцидент со тројца фоторепортери на лидерската средба во Клубот на пратениците, со осуда се огласија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и  Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Двете тела побараа да се стори сè да им се овозможи на медиумските професионалци да ја извршуваат својата работа и […]

СЕММ: Државата да не се меша во саморегулацијата на медиумите

ноември 21, 2017

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска порача дека ниту една влада или политичка партија не треба да одлучува во име на медиумите, реагирајќи на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според СЕММ, мора да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите, кој […]

Доделени наградите на Советот за етика во медиумите за најдобри новинарски стории

септември 29, 2017

Советот за етика во медиумите денеска ги соопшти имињата на наградените новинари на конкурсот за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи. Според едногласната одлука на тричленото жири, првото место го освоила сторијата на новинарката Ирена Мулачка […]

Совет за етика на медиумите: Дебатна емисија на телевизија „Нова“ разгорува стереотипи

септември 11, 2017

Комисијата за жалби при Советот за етика на медиумите на Македонија ја прогласила за основана жалбата поднесена од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ против телевизија „Нова“ за дебатната емисија „Отворено студио“. Станува збор за дебатната емисија со наслов „За или против геј бракови“, која се емитуваше на 17 јули 2017 година. Во својата […]

Страна 1 од 1