Доделени наградите на Советот за етика во медиумите за најдобри новинарски стории

-

Советот за етика во медиумите денеска ги соопшти имињата на наградените новинари на конкурсот за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи.

Според едногласната одлука на тричленото жири, првото место го освоила сторијата на новинарката Ирена Мулачка од „Фокус“, за скандалот на скопската Клиника за гинекологија, во кој разоткри дека околу 80 новороденчиња починале за шест месеци. Второнаградената сторија на годинешниот конурс на СЕММ е на авторот Никола Здравковиќ, насловена „Семејна трагедија ја остави без парче леб Гордана Славковиќ“, објавен во рамките на емисијата „360 степени“, на Телевизија „Алсат-М“.

Третата награда ја делат два новинарски труда. Првиот е на новинарката Мирјана Мирчевска-Јовановиќ за серијалот прилози за „Малиот Иван и неговата баба“, објавен на „Канал 5“, а вториот е трудот на новинарот Марјан Николовски за прилогот со наслов „Можат ли верските заедници да ги тргнат сите бариери за непречена молитва“, објавен на телевизија „Сител“, во рамките на емисијата „На иста страна“.

Освен награди за најдобрите стории, жирито одлучило да додели и две пофалници. Првата е за новинарската сторија на авторката Маја Раванска, со наслов „Македонскиот Стивен Хокинг задушен во стегите на неинклузивно општество“, објавена во весникот „Лице в лице“, а втората пофалница е за телевизискиот прилог „Да прогледаат тие што треба да видат“ на авторот Зоран Јованоски, од проектот „360 степени“ на „Алсат-М“.

За најдобрите трудови решавало жирито во состав Бардуљ Заими, Жанета Трајкоска и Зоран Иванов. Наградите се доделуваат со финансиска поддршка од УНЕСКО и од ЕУ.

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката...

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Па очекувам. Во текот на...

Интерпелацијата за членови на Судскиот совет наспроти Законот за СС

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи...

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...