fbpx
Таг: сообраќај

таг: сообраќај

Делницата од Градско до Неготино ќе биде затворена до 18 часот

Делницата од Градско до Неготино денеска од 5 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај поради најавеното снимање на францускиот филм „А фонд“. Сообраќајот денеска на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на...

Автопатот Градско – Неготино е затворен

Автопатот А1, односно делницата Градско - Неготино, ќе биде затворена до 18 часот, заради снимањето на францускиот филм „А фонд“, информираат од АМСМ. Сообраќајот на возилата се пренасочува по стариот пат. Заради снимањето на овој филм, затворена беше и скопската обиколница, при што возилата се пренасочуваа да поминуваат низ Скопје.

Скопската обиколница и денеска затворена

Скопската обиколница и денеска ќе биде затворена за сообраќај, заради снимањето на францускиот филм „А фонд“, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), во име на продуцентската куќа „Шик филмс“ (Chic Films) и „Мануфактура продукција“. Како што информираат од АМСМ, обиколницата околу Скопје за сообраќај ќе биде затворена до сабота (10 октомври), за потребите на снимањето на филмот.

На Петровец утре нема да се наплаќа патарина, ќе се снима францускиот филм

Поради снимањето на францускиот филм „А фонд“ (A Fond), утре, 3 октормври, во периодот од 5 до 18 часот, затворена во двата правци ќе биде патарината Петровец, на автопатот Скопје - Велес, известуваат преку Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) од продукциската куќа „Шик филмс“ и „Манауфактура продукција“. Оттаму, соопштуваат дека автопатот нема да биде затворен за сообраќај, туку ќе има соодветна патна...

За возење над 50 километри на час, казни од 10 до 400 евра

Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој е предвидена задолжителна употреба на вклучени светла за време на управување со возило само во периодот од првиот самрак до целосно разденување, како и дење во случај на намалена видливост. За мотоциклите светлата ќе бидат задолжителни дење и ноќе, а за велосипедистите задолжително е соодветно светлосно обележување. Казните за возачите...

Порака до градоначалникот: Да, Коце, сè е политика, животот е политика

„Политика за сообраќај и безбедност. Политика за живот. Политика за урбанизам. Политика за градежништво. Политика за екологија и за зеленило. И сè друго. Животот е политика“, стои во рекацијата на граѓанската иницијатива „Коце врати ни ги улиците“ на соопштението на Град Скопје. Во реакцијата на граѓаните ги упатуваат вработените во Градот и градоначалникот Коце Трајановски да посетат обуки по локална самоуправа, цивилно...

Камионите за излез на српско-хрватската граница чекаат по еден час

Сообраќајот на граничните премини Батровци-Бајаково, Шид-Товарник и Богојево-Ердут се одвива нормално, откако е укината блокадата меѓу Србија и Хрватска, јавува „Танјуг“. Репортерот на овој медиум јавува дека на Батровци сообраќајот се одвива без какви било пречки. Патничките возила со српски регистарски таблички непречено влегуваат во Хрватска, а истото важи и за камионите со хрватска стока во спротивна насока. Колоната на товарни возила на...

Хрватска ја отвори границата, камионите полека се пропуштаат

Граничните премини Бајаково и Товарник се отворени за сообраќај без никакви ограничувања, објави Владата на Хрватска, на својот профил на социјалната мрежа  „Твитер“. Granični prijelazi Bajakovo i Tovarnik otvoreni su za sav promet, bez ikakvih ograničenja http://t.co/V4pz6M2k9H — Vlada R. Hrvatske (@VladaRH) September 25, 2015 Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“, потврди дека македонските камионџии веќе ја поминуваат границата. - Да, добив...

Трепкањето на семафорите е сообраќајна сигнализација, објаснува Коце Трајановски

На денешната прес-конференција на Град Скопје, ниту градоначалникот Коце Трајановски, ниту министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, не знаат поради кого и зошто на Илинденска семафорот трепкал жолто во моментите кога беше прегазен 13-годишниот Давид. - Трепкањето на семафорите е некој вид сообраќајна сигнализација. Семафорите најчесто трепкаат кога доаѓаат некои делегации, најчесто од странство. Од страна на МВР се дава налог...

Трајановски: Континуирaно работиме на подобрување на безбедноста во сообраќајот

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, како и претставници на МВР и на секторот за сообраќај на Град Скопје, денеска одржаа состанок за зголемување на...

Полицијата ќе дели ваучери за бесплатен такси-превоз

Секторот за внатрешни работи од Охрид вечерва ќе ја реализира превентивната кампања „Вози трезен, стигни жив“. Кампањата, по претходна согласност од сопствениците, ќе биде спроведена во угостителските објекти „Аквариус“ и „Ликвид“, каде полициски службеници ќе поделат сообраќајно-едукативен материјал и ќе извршат доброволно алкотестирање на дел од гостите. Целта на кампањата „Вози трезвен, стигни жив“ е унапредување на сообраќајната превенција, подигнување...

Црна скопска сообраќајна статистика: За осум месеци загинале 27 лица, од кои 15 пешаци

Зголемен е бројот на загинати пешаци во Скопје во однос на минатата година, покажуваат последните анализи на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Во апсолутни бројки, за првите шест месеци во 2015 година имаше 20 загинати, за разлика од лани, кога имало 15. Најголемиот дел од загинатите се пешаци. Во првите осум месеци, пак, земајќи ги и јули...

Скопската обиколница отворена за сообраќај

Скопската обиколница денеска ќе биде отворена за сообраќај поради метеоролошките најави за интензивни врнежи дожд. В сабота, пак, обиколницата од 5 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај. На скопската обиколница француската продукција „Шик филмс“ го снима филмот „А фонд“. Поради снимањето на филмот, за до крајот на месецов беше најавено дека обиколница ќе биде затворена од 7 до 19 часот. Според...

Манчевски: МВР веднаш да ја ограничи брзината за движење низ Скопје на 50 километри на час

Координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Дамјан Манчевски, информираше дека на последната седница на Советот биле усвоени предлог-зони за смирен сообраќај и места во градот каде брзината на автомобилите ќе се ограничи на 30 километри на час или помалку. Освен тоа, усвоено било во рок од четири месеци да се изврши мапирање и обележување на таканаречени црни точки, односно...

Србија ги запре автобускиот и железничкиот сообраќај кон Хрватска

Редовните автобуски и железнички линии од Белград за Хрватска утринава се откажани, јавуваат српските медиуми. Од „Српски железници“ соопштија дека возот кој бил најавен за 11.03 часот бил откажан, а вечерва нема да тргне ниту возот во 21.30 часот. Авиосообраќајот меѓу Србија и Хрватска се одвива без прекин, а патниците од Беград кои имаат српски пасоши без проблеми допатувале во Загреб,...

Манчевски: Да се зголеми бројот на надземни пешачки премини

Да се ограничи брзината на движење на возилата на 50 километри на час, да се зголеми бројот на надземни пешачки премини, да се унапреди велосипедската инфраструктура, но и генерално да се подобрат вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, се некои од предлозите што советничката група на СДСМ ќе ги поднесе до Град Скопје. - Овие идеи се за да не гинат луѓе по...

Скопската обиколница затворена за сообраќај

Денеска од 7 до 19 часот обиколницата околу Скопје  ќе биде затворена за сообраќај заради потребите на снимањето на францускиот филм „А Фонд“, соопштија продукциската куќа „Шик филмс“ и „Мануфактура продукција“. Патниот правец Охрид – Кичево во временски интервали од 15 до 20 минути ќе биде затворен поради минирање на патот.

Србија се закани со контрамерки кон Хрватска

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, побара од хрватските власти да ја повлечат одлуката за запирање на товарниот сообраќај. Во спротивно, како што предупреди тој на вонредната прес-конференција, Србија ќе преземе правни мерки, а доколку тоа не даде резултат, ќе бидат преземени и контрамерки. - Хрватска со запирање на товарниот сообраќај се однесува неодговорно, а доколку тоа потрае, ќе мораме да воведеме...

Скопската обиколница отворена за сообраќај

Денеска скопската обиколница ќе биде отворена за сообраќај. Автомото-сојузот на Македонија, во името на продукциската куќа „Шик филмс“ и на „Мануфактура продукција“, информира дека поради временската прогноза, која најавува дожд, обиколницата повторно ќе биде ставена во употреба на граѓаните. Од 28 септември, снимањето на филмот се сели на автопатот Неготино - Велес, каде ќе остане до 23 октомври, а целиот сообраќај ќе...

Прекинат меѓународниот железнички сообраќај во Словенија и во Хрватска

„Словенечки железници“ целосно го сопреа меѓународниот сообраќај на граничните премини со Хрватска. Железничкиот сообраќај е во прекин и на граничните премини со Србија и со Унгарија, објавија денеска „Хрватски железници“. По одлуката која е донесена поради вонредната ситуација со мигрантите, „Словенечки железници“ воведоа дополнителен превоз со автобуси, на релација со одредени дестинации од Хрватска.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...