fbpx

Манчевски: МВР веднаш да ја ограничи брзината за движење низ Скопје на 50 километри на час

-

Координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Дамјан Манчевски, информираше дека на последната седница на Советот биле усвоени предлог-зони за смирен сообраќај и места во градот каде брзината на автомобилите ќе се ограничи на 30 километри на час или помалку.

Освен тоа, усвоено било во рок од четири месеци да се изврши мапирање и обележување на таканаречени црни точки, односно опасни места и да се одвојат повеќе пари за подобрување на хоризонталната и на вертикалната сигнализација и за пешачки премини со контрасти на уличното осветлување.

На седницата било усвоено формирањето на совет за безбедност на сообраќајот на Град Скопје и подготвување план за поставување дигитални мерачи на брзина.

– Едногласното донесување на заклучоците на предлог на СДСМ и на опозицијата е во интерес на граѓаните. Тоа покажува дека безбедноста на граѓаните не познава партии и така треба да биде. Сепак, мораме да констатираме дека овие работи одамна требаше да бидат направени. Можеби ќе се спасеа човечки животи – рече Манчевски.

Тој додаде дека бараат од МВР веднаш да ја спроведе мерката за ограничување на максималната брзина за движење низ Скопје на 50 километри на час, како и значително да се зголемат буџетските средства за изградба на велосипедска инфраструктура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...