fbpx

Полицијата ќе дели ваучери за бесплатен такси-превоз

-

Секторот за внатрешни работи од Охрид вечерва ќе ја реализира превентивната кампања „Вози трезен, стигни жив“. Кампањата, по претходна согласност од сопствениците, ќе биде спроведена во угостителските објекти „Аквариус“ и „Ликвид“, каде полициски службеници ќе поделат сообраќајно-едукативен материјал и ќе извршат доброволно алкотестирање на дел од гостите.

Целта на кампањата „Вози трезвен, стигни жив“ е унапредување на сообраќајната превенција, подигнување на степенот на сообраќајната култура кај возачите на моторни и на други возила и подигнување на свеста за штетните и кобни последици од возењето под дејство на алкохол.

Во зависност од добиените резултати, ќе се доделува црвен или зелен картон, а на лицата кај кои ќе се констатира поголемо количество алкохол, ќе им биде укажано да користат такси-превоз при што ќе добијат ваучери за бесплатен такси-превоз.

Со овие активности, СВР од Охрид ја продолжува кампањата што неодамна ја реализира Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Охрид.

– Според евиденциите на СВР Охрид, во првите осум месеци од оваа година, во Охрид се случиле 216 сообраќајни незгоди, што претставува намалување во однос на 220 незгоди случени во истиот период лани. Во осуммесечниот период годинава имало 2 сообраќајни незгоди со жртви, а во истиот период лани се случиле три незгоди со трагичен епилог- вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...