fbpx
Таг: сообраќај

таг: сообраќај

Привремен сообраќаен режим на патниот правец Катланово – Велес

Од денеска на патниот правец Катланово - Велес ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента. Привремениот сообраќаен режим е поради изведување градежни работи, осветлување на тунелите Солиште и Бел Камен. На патот е поставена соодветна сигнализација, а ваквиот режим на движење на возилата ќе трае сè до...

Сообраќајот на патниот правец Битола – Ресен е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец А3, обиколница Битола - Ресен, е нормализиран, информираат од АМСМ. Како што се наведува во соопштението на АМСМ, свлечиштето на патниот правец е исчистено од екипите на ЈП „Македонија пат“ и сообраќајот е нормализиран.

Патниот правец Битола – Ресен затворен за сообраќај поради свлечиште

Поради свлечиште, денеска повторно ќе биде затворен патниот правец Битола – Ресен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку Битола. Општинскиот пат село Долни Полог –  село Облешево, пред Кочанска Река, е во прекин поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода. На патниот правец Марвинци – Балинци – Брајковци,...

Посебен сообраќаен режим поради протестот во 18 часот

Поради денешниот граѓански протест во организација на Здружението на граѓани „Ајде“, кој е најавен за 18 часот пред Владата, дел од сообраќајниците во центарот на градот ќе имаат посебен сообраќаен режим, информираат од МВР. „Во периодот од 18 часот за сообраќај ќе бидат затворени булевар Илинден пред Владата на РМ, булевар ВМРО, улицата Васил Главинов, лево по улицата Димитрије Чуповски,...

Поради одрони и свлечишта сообраќајот на дел од патиштата во прекин

Поради свлечишта, одрони и врнежи од снег, сообраќајот на дел од патиштата во земјава е во прекин, а на дел од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) препорачуваат внимателно возење. Поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар. Кај обиколницата Битола - Ресен, на патот А3, поради свлечиште патот...

Одрони, свлечишта и влажни коловози на повеќе патни правци

Поради свлечиште на патниот правец А3 обиколница Битола -Ресен сообраќајот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот се пренасочува преку Битола, информираат од АМСМ. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево. Сообраќајот на општинскиот пат село Долни Полог-село Облешево пред Кочанска...

Свлечиште кај Страцин, одрон на камења на патот Берово – Виница

На патниот правец А3, обиколница Битола - Ресен, поради свлечиште, сообраќајот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку Битола, информираат од АМСМ. Сообраќајот поради одрони е во прекин и на патниот правец Кочани – Делчево, кај село Калиманци и кај село Дулица. Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на нивното расчистување. Сообраќајот е пренасочен преку...

Утре два часа ќе биде затворен патот Охрид – Кичево

Утре од 13 до 15 часот ќе биде затворен за сообраќај патниот правец Охрид - Кичево. Според најавите, прекините во сообраќајот ќе бидат затоа што на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани ќе се изведуваат градежни работи со минирање.

Граничниот премин кај Дојран ќе биде блокиран до 23 часот

Грчката страна на граничниот премин Дојран ќе биде блокирана за сообраќај до 23 часот, информираат од АМСМ. Грчките земјоделци веќе еден месец протестираат против владините мерки, со кои се предвидуваат повисоки даноци и намалување на пензиите на земјоделците.

Сообраќајот кон Меџитлија целосно во прекин поради штрајкот на грчките земјоделци

Денеска од 9 до 15 часот и од 17 до 21 часот, во целосен прекин ќе биде сообраќајот за влез и за излез од Македонија кон Грција на граничниот премин Меџитлија - Ники, поради штрајк на грчките земјоделци, информираат од АМСМ. Грчките земјоделци веќе еден месец протестираат против владините мерки, со кои се предвидуваат повисоки даноци и намалување на пензиите на земјоделците. Земјоделците се одлучени...

Целосно блокиран сообраќајот во центарот на Скопје

Голем метеж се создаде во центарот на Скопје поради два протеста пред Владата. Во 11 часот пред Владата протестираа вработените во државниот загубар ОХИС, а по нив на протест излегоа автошколите да го искажат незадоволство од воведувањето на законот кој предвидува поставување камери во возилата во кои се обучуваат и се тестираат кандидатите што полагаат возачки испит. Сообраќајот се пренасочува по...

Поради магла, откажани неколку летови на аеродромот „Александар Велики“

Намалената видливост од маглата го отежнува одвивањето на патниот и на авиосообраќајот во дел од земјава. На аеродромот „Александар Велики“ утринските летови од Белград и од Истанбул до Скопје се откажани, а откажани се и летовите од Скопје. Од АМСМ предупредуваат на намалена видливост од 30 до 50 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патните...

Поради несреќа, во прекин е сообраќајот на автопатот Скопје – Велес

Поради сообраќајна незгода со повеќе возила на автопатот А1, делница Каласлари – Велес, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, информираат од АМСМ. Пренасочување на сообраќајот по спореден пат има само за патничките возила. Сообраќајот на другите патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи...

АМСМ: Сообраќајот се одвива без забрани и застои, по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“. Слаб снег кој не се задржува на коловозите провејува на патните правци Попова Шапка – Тетово – Гостивар – Маврово и на Стража, информираат од АМСМ. Оттаму препорачуваат внимателно...

Забранет сообраќај за товарни возила на Стража и на Маврово

Поради интензивните врнежи од снег, превентивно е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на Маврово, соопштуваат од АМСМ. Сообраќајот на другите патишта во земјава се одвива непречено, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозот на повисоките планински места. Вржени од снег, со слаб интензитет се регистрирани во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен,...

МВР со зајакнати мерки за Нова година и за Божиќ

Министерството за внатрешни работи (МВР) во рамките на своите надлежности со засилени безбедносни мерки ќе се грижи престојните новогодишни и божикни празници, кога се очекува зголемена раздвиженост на граѓаните и одржување на јавни собири да поминат во најдобар ред. „Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по повод претстојните новогодишни и божиќни празници, имајќи предвид дека се очекува зголемена...

Маглата го отежнува одвивањето на сообраќајот

Сообраќајот по патиштата, но и авиосообраќајот се одвиваат отежнато поради густата магла утринава. Од АМСМ информираат дека на повеќе патни правци низ земјава, видливоста е намалена. Отежнато се одвива и авиосообраќајот, па дел од летовите се откажани, а дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и во Софија.

Од денеска низ Дебар-маало ќе се вози со максимални 30 километри на час

Од денеска низ улиците на населбата Дебар-маало во општина Центар автомобилите ќе смеат да се движат со максимална брзина од 30 километри на час. Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, денеска го промовираше проектот „Зона 30 - за безбеден Центар“, чија цел е да се подигне нивото на безбедност во еден од најфреквентните делови од општината и од градот. - Овој проект добива...

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид попладнево во прекин поради минирање

Сообраќајот на патото А2, на релација Кичево - Охрид, денеска ќе биде во прекин 15 до 20 минути во периодот меѓу 13 и 15 часот, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). „Денеска, 17 ноември, поради изведување на работи на пат (минирање), на патот А2, Кичево - Охрид, на делот помеѓу Пресека и село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу...

Патот од мотел „Македонија“ до Градско и денеска затворен за сообраќај

Сообраќајот на патните правци низ земјава се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата. Дел од автопатот А1 (делницата од мотел „Македонија“ до Градско) ќе биде затворена за сообраќај од 5 до 18 часот, поради снимањето на филмот „А...

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се...