fbpx

Србија се закани со контрамерки кон Хрватска

-

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, побара од хрватските власти да ја повлечат одлуката за запирање на товарниот сообраќај.

Во спротивно, како што предупреди тој на вонредната прес-конференција, Србија ќе преземе правни мерки, а доколку тоа не даде резултат, ќе бидат преземени и контрамерки.

– Хрватска со запирање на товарниот сообраќај се однесува неодговорно, а доколку тоа потрае, ќе мораме да воведеме контрамерки, кои ќе ја погодат Хрватска повеќе од нас. Ги замолувам хрватските власти како соседи, пријатели, членка на ЕУ, да ги повлечат неодговорните одлуки. Во спротивно, поради кршење на многу билатерални и меѓународни договори, ќе бидеме принудени по правен пат да бараме заштита за својата земја – истакна српскиот премиер Вучиќ. Тој ја замоли Европската унија да ја предупреди својата членка да не се однесува така, затоа што тоа не е само антиевропско однесување, туку е против секоја цивилизациска норма.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...