четврток, 15 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: слаѓана тасева | 15 резултати

Тасева: Изјавата на Заев беше неодговорна и избрзана, предистражните постапки се тајни

4 ноември 2017

Во емисијата „360 степени“ што се емитуваше на „Алсат-М“, претседателката на „Транспаренси интернешнл“ – Македонија, Слаѓана Тасева, за изјавата на премиерот Зоран Заев за двајца членови на власта кои биле под истрага, вчера рече дека е неодговорна и избрзана. – Мојата прва реакција беше дека можеби дури и неодговорна, непотребна, избрзана изјава за којашто ниту […]

Тасева: Индексот за перцепција на корупцијата е збир од различни меѓународни истражувања

27 јануари 2017

„Слабиот резултат на Македонија укажува на потреба од зајакнување и од заштита на граѓанското општество, а не негово слабеење. Тоа е пораката на индексот за перцепција на корупцијата“, порача д-р Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси интернешнел“ – Македонија (ТИМ). Организацијата што таа ја раководи, како и матичната организација, денеска реагираа на нападите против нив што […]

Партиите имале 1,4 милиони евра, а потрошиле 3,1 милиони евра за кампањата

12 декември 2016

За време на изборната кампања, политичките партии потрошиле двапати повеќе пари од што имале приходи. Вкупните приходи на сите политички партии изнесувале 88.314.902 денари (1.436.015 евра), а расходите биле 195.501.767 денари (3.178.890 евра). Ова денеска го соопшти „Транспарентност Македонија“ при презентирање на резултатите добиени од надзорот на трошењата на политичките партии во периодот од 1 до […]

Партиите не прикажале расходи за комунални, комуникациски и транспортни услуги

5 декември 2016

Голем дел од политичките партии немаат прикажано расходи за комунални и за комуникациски услуги, како и расходи за превоз и транспортни услуги, покажува извештајот на „Транспарентност Македонија“, која врши надзор на трошењата од буџетите и на политичките партии во предизборниот и изборниот процес. – Осум политички партии немаат прикажани расходи за комунални услуги и за […]

По „бомбите“, граѓаните се песимисти дека нешто можат да сторат против корупцијата

16 ноември 2016

Зголемена апатија и намален број на граѓани кои се подготвени да направат нешто во бората против корупцијата, се главните карактеристики на годинешниот „Барометар на глобалната корупција“, за ситуацијата во Македонија, кој денеска го презентираше претседателката на „Транспаренси интернешнл Македонија“, Слаѓана Тасева. Имено, за разлика од пред две години, кога 88 отсто од анкетираните граѓани рекле […]

Партиите кријат од каде ги финансираат кампањите, кои чинат околу 1 милион евра

15 ноември 2016

Американскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања потроши 600 милиони долари, додека неговата противкандидатка Хилари Клинтон трката ја чинеше повеќе од 1 милијарда долари. Во Македонија, пак, за изборните кампањи на кандидатите на најголемите политички партии за претседателските избори во 2014 година беа потрошени околу еден милион евра. За изборната кампања за Ѓорге Иванов, ВМРО-ДПМНЕ потрошиле […]

Тасева: Нема политичка волја за заживување на Законот за заштита на укажувачите

14 ноември 2016

Во ниту една државна институција во земјава не се спроведува Законот за заштита на укажувачите (whistleblowers), иако е донесен пред точно една година, а нема ниту интерес и политичка волја кај надлежните за имплементација на законот. Ова беше главна тема на денешната завршна тркалезна маса во рамките на проектот на „Транспаренси интернешнл Македонија“, насловен „Законот […]

Дебата на „Метаморфозис“: Граѓанскиот сектор и медиумите го поттикнувааат доброто владеење

5 април 2016

Граѓанските организации имаат важна улога во поттикнувањето на граѓаните да бараат отчетност од државните институции и да бидат вклучени во креирањето на јавните политики е заклучокот од тркалезна маса на тема „Граѓанскиот сектор и медиумите за доброто владеење“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. На тркалезната маса се дискутираше за доброто владеење, […]

Тасева: Да не се прејудицира туку да се провери дали има Македонци поврзани со „Панама пејперс“

5 април 2016

„Не треба да се прејудицира дека доколку Македонци имаат сметки во Панама, тие се поврзани со нелегални пари. Сепак, тоа треба да се провери. Новинарите и истражувачите ќе ги прават достапни информациите етапно и по фази и тогаш треба да се види дали воопшто македонски државјани имаат сметки, какви се тие, дали се лични, компаниски […]

Партиите потрошиле по 50.000 евра на отворање канцеларии и на митинзи

16 март 2016

Најголемите политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, потрошиле околу 50.000 евра на одржани митинзи, средби со граѓани, новоотворени канцеларии, интерни огласувања од почетокот на годината до 7 март. Најголем дел од средствата, владејачката партија ги потрошила на отворање нови канцеларии покрај веќе постојните во 24 градови, додека СДСМ најголем дел од парите ги потрошил на митинзи, средби […]

„Транспарентност“ будно ќе следи како партиите трошат пари за изборите

14 јануари 2016

Следење на медиумското претставување, трошоци на политичките партии, трошење на буџетот на централната и на локалната власт за време на предизборниот и на изборниот период, е проект што ќе биде спроведен од „Транспарентност Македонија“ во соработка со Центарот за економски анализи. Проектот за надзор на трошењата од буџетот и на политичките партии во предизборниот и во изборниот период е поврзан […]

Страна 1 од 1