fbpx

„Транспарентност“ будно ќе следи како партиите трошат пари за изборите

-

Следење на медиумското претставување, трошоци на политичките партии, трошење на буџетот на централната и на локалната власт за време на предизборниот и на изборниот период, е проект што ќе биде спроведен од „Транспарентност Македонија“ во соработка со Центарот за економски анализи.

Проектот за надзор на трошењата од буџетот и на политичките партии во предизборниот и во изборниот период е поврзан со најавените избори. Доколку се одржат во април, првите финансиски извештаи партиите треба да ги објават на 14 април, а последните на 30 април.

– Роковите за финансиски извештаи овојпат се кратки, така што и нашето следење ќе биде поинтензивно. Практиките досега покажуваат дека политичките партии ги објавуваат извештаите во согласност со законот, но трошоците се значително поголеми од тоа што е прикажано и често се финансираат од непријавени извори или донации – изјави претседателката на „Транспарентност Македонија“, Слаѓана Тасева.

Во согласност со Изборниот законик, по забранетото политичко рекламирање по 20 декември, според Тасева, забележани се одредени активности на локално ниво од страна на политички субјекти.

– Организацијата на прославата на Бадник, во некои општини беше спреведена од некои партии. Ќе следиме како се одвивало плаќањето – додаде Тасева.

Следењето на структурата на јавните финансии и на трошењето на централната, локалната власт и на јавните претпријатија, „Транспарентност Македонија“ ќе го прави во соработка со Центарот за економски анализи.

– Следењето нема да се однесува само на финснсискиот дел на буџетот, туку и на инструментите за водење економска политика на централната и на локалната власта. Тоа подразбира дека ќе се следи дали трошењето е предвидено во некој стартешки документ, дали е дел од некоја програма, дали има законска основа. Предмет на следење ќе бидат и добрите парктики, односно дали има вообичаено или поголемо трошење пред изборите – изјави Марјан Николов од Центарот за економски анализи.

Тој додаде дека во овој период биле следени само објавите од институциите, односно нивната транспарентност. Најголем дел од нив биле од Владата и од Министерството за труд и социјална политика.

-Во тие објави на Владата, на пример, ќе следиме колку содржат финансиски податоци, дали има информации во која програма се опфатени, дали е планирано тоа буџетско трошење и кои се изворите на финансирање. Кога Владата се обраќа кон одредени клиенти, на пример, зголемување на социјална помош за одредена категорија граѓани, ќе се прави анализа дали тоа е планирано во буџет, дали е ад хок, врз основа на што таа категорија граѓани е приоритетна – додава Николов.

Целта на овој проект е да се подигне транспарентноста на финансирањето на изборите, изборните кампањи, да се укаже на нелигитимното трошење на финансиите и на недоволното прикажување на изворите на финансирање.

Од досегашно искуство, утврдувањето на нерегуларностите поминува без никакви ефекти, а при откривање злоупотреба на јавни функции за изборни потреби на партијата, Јавното обвинителство не поведува постапка за тие случаи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...