fbpx

„Транспаренси Интернешнл“ и ограноците ја повикаа Унгарија да го испорача Груевски

-

„Транспаренси Интернешнл“ преку нејзините ограноци во Македонија и Унгарија денеска ги повика унгарските власти да го екстрадираат Груевски од Унгарија, каде што тој моментално бара азил во обид да избегне затворање по осуда за корупција.

– Оваа ситуација е голем тест за македонските и унгарските власти и треба да се реши во согласност со унгарскиот закон. Ги повикуваме унгарските власти да се придржуваат до принципот за немање неказнивост, како што е наведено во Европската конвенција за екстрадиција – вели Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси Интернешнл – Македонија“.

Во барањето, двата ограноци го образложуваат целиот случај „Тенк“, како и тоа дека пресудата за Груевски е правосилна, но и посочуваат на сомневањата за Груевски за грабеж на буџетски пари.

„Случаите на Груевски ги води Специјалното јавно обвинителство, кое беше формирано во 2015 година по нелегалното прислушување на повеќе од 20.000 лица, вклучително и новинари и активисти од граѓанското општество. Според завршените истраги и обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство, во периодот кога Груевски бил премиер, заедно со неговите соработници пренасочиле стотици милиони евра од јавниот буџет од народот на Македонија“, велат организациите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...