fbpx
Таг: СЈО

таг: СЈО

СЈО: Груевски и Јанакиески го нарачале уривањето на „Космос“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска отвори нов случај, наречен „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. Како што изјави обвинителката Фатиме Фетаи, уривањето без сомневање било направено по налог на поранешениот премиер и на поранешниот министер за транспорт и врски, заедно со актуелен градоначалник на Општина Гази Баба и со инспекторка за урбанизам во...

СЈО денеска во 11 часот со нова прес-конференција

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција. На последната прес-конференција, СЈО го отвори случајот „Транспортер“ во кој првоосомничен е градоначалникот на Битола, Владимир Талески, но бидејќи тој беше аболиран од претседателот Ѓорге Иванов, против него нема да се води никаква постапка. Во вторникот, судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на еден од осомничените во „Транспортер“...

Осомничен во „Транспортер“ доби куќен притвор

Судија на претходна постапка му одреди мерка куќен притвор, од 30 дена, на еден од четворицата осомничени во случајот „Транспортер“, кои денеска беа на распит во Кривичниот суд во Скопје, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. На другите тројца осомничени, судијата им одредил мерки на претпазливост, односно им ги одзел пасошите и тие мора да се јавуваат еднаш...

Одреден притвор за осомничен во случајот „Транспортер“

Судија на претходна постапка определил мерка притвор за вработен во одделот за јавни набавки во Oпштина Битола, додека за три лица се изречени превентивни мерки. Сите четворица се осомничени за случајот „Транспортер“, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство, потврди судот. СЈО покрена истрага за автобускиот превоз на ученици во Битола, а главен осомничен е битолскиот градоначалник, Владимир Талески, но против...

„Цивил“: Преговори може, но со повеќе партии и граѓански организации

Центарот за слобода „Цивил“ ја поздравува иницијативата да се продолжат преговорите за надминување на политичката криза, овојпат во Виена. Во соопштението што го испратија до медиумите, од невладината организација велат дека со оглед на неуспехот на преговорите што се водеа и досега, неисполнувањето и опструкцијата на спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза, продолжувањето на преговорите мора да добие поинаков...

Со извиците „Оставка, оставка“, почна протестот пред СЈО

Точно во 18 часот, граѓаните ја блокираа улицата пред Специјалното јавно обвинителство и го почнаа денешниот протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари од судски процеси. Демонстрантите, кои во сè поголем број се собираат пред СЈО, носат транспаренти со ликот на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на кои пишува „Но пасаран“, со кои алудираат на нејзиниот...

Протестот заврши без поголеми инциденти со најава за нови масовни собири

Неколку илјади демонстранти што протестираа поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да аболира лица осомничени за криминал, по едночасовно скандирање „Оставка“ и „Кого браните“ во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, мирно го завршија денешниот протест. Приодот кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кај зградата Палома бјанка, беше блокиран од полициски кордон. Демонстрантите освен скандирањата пееја: „Целата фамилија, држава растурија, крвници, убијци, ајде в...

Со развиорени знамиња на кои пишува „Непокор“, почна протестот на граѓаните

Граѓани, организирани од граѓанското движење „Протестирам“, денеска повторно се собраа пред објектот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да изразат поддршка за работата на оваа институција. Граѓаните вееја знамиња на кои пишува „Непокор“ и извикуваа „Нема да ве аболираме“, „Нема да ви простиме“, „Затвор за фашистите“ и „Поддршка за СЈО“. Демонстрантите од СЈО се упатија кон Собранието на РМ, каде има неколку...

Граѓаните денеска повторно ќе протестираат

Граѓанското движење „Протестирам“ денеска по петти пат ќе организираат протести, кои ќе почнат пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот. Тие повикуваат на масовен протест и бараат оставка на претседателот Ѓорге Иванов поради, како што велат, срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболира криминалците. Од „Протестирам“ бараат и почнување на процес за избор на експертска влада, која ќе...

Демонстрантите спречени да се приближат до Владата кај Камениот мост

По половина час поддршка за Специјалното јавно обвинителство, стотиците граѓани тргнаа накај Собранието. Но, демонстрантите не можат да стигнат дотаму, бидејќи приодот е блокиран со голем полициски кордон. Тоа предизвика огромна нервоза и негодување кај луѓето што протестираат. Оттаму, демонстрантите се упатија кон Владата преку Камениот мост, но пред новиот објект на Македонски народен театар се спречени од кордон полиција. Граѓаните на протестот,...

Величковски: Најголемите партии да поднесат заедничка иницијатива за одложување на изборите

Ако претседателот Ѓорге Иванов ја сфати штетата што ја направи со аболицијата, досега ќе ја повлечеше одлуката и ќе си поднесеше оставка, смета претседателот на Либерална партија, Ивон Величковски. „Партиите потписнички на Договорот од Пржино треба да спроведат постапка за импичмент. Иницијативата за повлекување на аболицијата треба да биде само една од точките за излез од тековната криза. Исто така,...

Штајнмаер: Иванов им нанесува штета на владеењето на правото и на правниот поредок

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, ја критикуваше контроверзната амнестија на политичарите во Македонија, пишува германскиот весник „Фокус“. - Многу сум загрижен поради последниот развој на настаните – рече Штајнмаер. Тој изјави дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов им нанесува штета на стандардите на владеење на правото и на правниот поредок. Штајнмаер оцени дека македонскиот претседател ја поткопува работата на...

Орав: Политичките партии да се вратат на преговарачка маса

Политичките партии да почнат да се подготвуваат за избори и насилството да запре, порача евроамбасадорот Аиво Орав на промоцијата на проектот финансиран од ЕУ за зајакнување на владеењето на право. Тој се надева дека политичките лидери ќе преземат целосна одговорност и конечно ќе почнат да ја решаваат оваа длабока политичка криза. - Сакам да ги повикам сите страни да избегнат понатамошна...

Иванов: Постои реална закана за ликвидација на двајца лидери на партии

Постои реална закана за физичка ликвидација на двајца лидери на партии, рече претседателот Ѓорге Иванов на заедничкото интервју со главните уредници на неколку македонски телевизии во неговиот кабинет. Тој рече дека не може да ги каже имињата, но дека службите ги знаат и дека тие лица се информирани за заканите кон нив, како и дека и кон него има такви...

 Битолачани повикуваат на протест и на „граѓанско апсење“ за „Транспортер“

Врие Битола по објавата на Специјалното јавно обвинителство за предистражната постапка за новиот случај „Транспортер“ за битолскиот градоначалник и за неговите соработници за злоупотреба на средства за авобускиот превоз на учениците. Последната истрага на СЈО ги мотивира битолчани да споделуваат свои мислења за обелоденувањето на криминалот во локалната власт, засега само на социјалните мрежи, каде се појавија статуси како „Смрт...

Јанева: Од 2008 до 2015 година огромни суми од буџетот се одлеале во приватни џебови

„Има сериозни индиции дека од 2008 до 2015 година, на незаконски начин од буџетот во приватни џебови се одлеале огромни суми пари. Во овој момент нема да кажам за колкави суми станува збор, но станува збор за вртоглави износи“, рече на денешната прес-конференција специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Таа истакна дека никој не може да го задржи незаконски стекнатиот имот, дека...

Груевски: Никој во ВМРО-ДПМНЕ не се чувствува виновен и не посакува да има прекин на постапките

„Уште еднаш сакам силно да се оградиме од оваа одлука на претседателот. Таа не е во согласност со нашите заложби и му помага на СДСМ. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека тој што направил криминал треба да одговара за тоа. Никој во ВМРО-ДПМНЕ не се чувствува виновен и не посакува да има прекин на постапките“, изјави на денешната прес-конференција претседателот...

СЈО отвори истражна постапка против битолскиот градоначалник, Владимир Талески

Нова истражна постапка, под име „Транспортер“, отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во која ги испитува сомнежите за сторени злоупотреби со превоз за ученици од страна на 22 лица, меѓу кои и градоначалнкот на Битола, Владимир Талески, како и претседателот на општинската комисија за јавни набавки. Тие, како што на денешната прес-конференција најави обвинителката Фатиме Фетаи, се осомничени дека со злоупотреба...

Стејт департмент: Загрижени сме од одлуката на Иванов за помилување на функционерите

Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува лицата што се предмет на истрага за скандалот со прислушуваните разговори, пишува во реакцијата на американскиот Стејт департмент. „Ако се спроведе, оваа одлука ќе ги заштити корумпираните функционерите и ќе ги лиши граѓаните на Македонија од правдата. Таа, исто така, уште повеќе ќе го поткопа владеењето на...

Демонстрантите фрлија димна бомба пред народната канцеларија на Иванов

Групата демонстранти пристигна пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на градот и канонада од јајца завршија врз стаклата на објектот. Демонстрантите фрлија и димна бомба која не предизвика никаква материјална штета. Кон канцеларијата, граѓаните фрлаа и камења. Полицијата не дозволува демонстрантите да се доближат до објектот. Неколку стотици граѓани втор ден протестираат против одлуката на претседателот да ги помилува политичарите за кои...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...