fbpx

Јанева: Од 2008 до 2015 година огромни суми од буџетот се одлеале во приватни џебови

-

„Има сериозни индиции дека од 2008 до 2015 година, на незаконски начин од буџетот во приватни џебови се одлеале огромни суми пари. Во овој момент нема да кажам за колкави суми станува збор, но станува збор за вртоглави износи“, рече на денешната прес-конференција специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Таа истакна дека никој не може да го задржи незаконски стекнатиот имот, дека тој подлежи на Законот за конфискација и дека за него не важи никаква аболиција или помилување.

Како што подвлече Јанева, СЈО води повеќе финансиски истраги за незаконски стекнат имот, кои ќе продолжат и понатаму.

Во тој контекст, таа додаде дека ќе има и проширување на истрагата за случајот „Титаник“, бидејќи во сомневањата за изборни манипулации има и наводи за нелегално финансирање на политичка кампања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...