fbpx

 Битолачани повикуваат на протест и на „граѓанско апсење“ за „Транспортер“

-

Врие Битола по објавата на Специјалното јавно обвинителство за предистражната постапка за новиот случај „Транспортер“ за битолскиот градоначалник и за неговите соработници за злоупотреба на средства за авобускиот превоз на учениците.

Последната истрага на СЈО ги мотивира битолчани да споделуваат свои мислења за обелоденувањето на криминалот во локалната власт, засега само на социјалните мрежи, каде се појавија статуси како „Смрт за фашизмот, слобода за народот“, „Ако Иванов го аболира, народот ќе му суди“, „Граѓанско апсење“ и слични.

Од еколошкото здружение „За нас се работи“, пак, порачуваат: „Ако ние ги плаќаме нашите грешки и престапи преку глоби и казни, и Талески ќе си го плати својот криминал“.

Битолчани преку социјалните мрежи за вечерва во 19 часот повикуваат на масовен протест. Тој, според најавите, ќе почне од плоштадот Будење, пред споменикот на народниот првоборец Стив Наумов, ама не се знае каде ќе заврши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...