fbpx
Таг: Шпанија

таг: Шпанија

Прв случај на вирусот зика кај трудница во Европа

Во Шпанија е потврден првиот случај на трудница заразена со вирусот зика, што е прв таков случај во Европа, пренесува „Би-Би-Си“. Дијагнозата е утврдена кај трудница која неодамна се вратила од Колумбија, каде, како што се верува, била заразена со вирусот. Станува збор за вирус што го пренесуваат комарците и кој брзо се шири. Се појави во Бразил во октомври минатата година, каде...

ИД се заканува со напади на Шпанија и на Португалија

Исламска држава објави нова видеоснимка во која се заканува со нови напади. Во видеозапис од погубување, маскираното лице на француски им се закани на „неверниците“, споменувајќи нови напади. Снимката трае осум минути, а беше објавена пред службата на ИД, насловена како Покраина Нинива. На неа, петмина мажи стрелаат в глава пет заложници, облечени во портокалово, кои го нарекуваат „шпиони“. Петте жртви на снимката,...

Земјотрес меѓу Мароко и Шпанија – нема жртви

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утринава е регистриран во Средоземно Море, меѓу Мароко и Шпанија, соопшти американскиот институт за геологија. Потресот се случил во 4.20 часот по локално време на околу 60 километри од мароканскиот град Ал Хосеима и околу 160 километри од Гибралтар, наведе институтот и додаде дека по главниот земјотрес следувал втор, со јачина од...

Почна судењето на шпанската принцеза и на нејзиниот сопруг

Шпанската принцеза Кристина, обвинета за соучество но наводната измама на нејзиниот сопруг Инаки Урдангарин, кој е обвинет за проневера и за перење пари, стигна денеска во судот во Палма де Мајорка. Кристина е прв член на кралското семејство на кој му се суди за проневера, во која е вклучен и нејзиниот сопруг и уште 16 обвинети. Сите ги отфрлаат обвиненијата. Доколку...

Шпанската полиција заплени три тони кокаин

Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила три тони кокаин и уапсила 12 лица од Велика Британија, Холандија и во Шпанија, осомничени за шверц на дрога, јавуваат светските медиуми. Кокаинот бил откриен во северо-западниот регион Галиција, а сомневањата се дека дрогата е на шверцерскиот канал кој дејствува во јужниот дел на Коста Дел Сол, пренесува „Би-Би-Си“. Според полициските информации, станува збор за...

Шпанците денеска избираат нова влада

Граѓаните на Шпанија денеска гласаат на парламентарни избори, а исходот е тешко да се прогнозира. Процените се дека ниту една партија нема да го освои потребното мнозинство и дека ќе следува коалиција. Последните анкети покажуваат дека дури 40 отсто од Шпанците се неопределени, дека владејачките конзервативци на премиерот Маријано Рахој водат, но дека во парламентот кој брои 350 членови нема да...

Почина Слободан Чашуле

По кусо боледување, на 70-годишна возраст, ноќеска во Мадрид, каде ја вршеше должноста македонски амбасадор во Шпанија, почина Слободан Чашуле, македонски новинар, политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот 2001 - 2002 година. Чашуле е роден во Скопје, на 27 септември 1945 година. Тој е син на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Во 1972 година, Чашуле го завршил...

Шпанија: Уставниот суд го одби барањето на Каталонија

Шпанскиот Уставен суд го поништи барањето на Каталонија во регионалниот парламент за почеток на процесот на одвојување од Шпанија. Каталонскиот парламент во ноември усвои резолуција за нацрт-планот за воспоставување република во рок од 18 месеци. Процесот беше блокиран од 11 ноември, додека се чекаше конечната одлука на Уставниот суд. Каталонските лидери, кои беа избрани во септември, рекоа дека ќе ја игнорираат одлуката...

Двајца мажи и една жена уапсени во Шпанија поради поврзаност со ИД

Шпанската полиција денеска, во организирана акција, уапсила три лица осомничени за поврзаност со Исламска држава (ИД), јавуваат светските медиуми. Според информациите, повеќе десетици полициски специјалци извршиле рација во стан во Барселона и уапсиле двајца мажи од мароканско потекло, а една жена била уапсена во градот Гранолерс. Тие се товарат дека преку социјалните мрежи ширеле џихадистичка пропаганда и дека поттикнувале лица да...

Шпанскиот уставeн суд ја суспендира резолуцијата за независност на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија вчера ја суспендираше резолуцијата на каталонскиот парламент со која се покренува процес за отцепување на овој регион од Шпанија, соопштија извори блиски до судот. Вкупно 11 судии ја уважиле претходно поднесената тужба на шпанската влада, со што автоматски се суспендира каталонската резолуција сè додека уставниот суд детално не го разгледа документот. Каталонската влада во Барселона веднаш реагираше,...

Каталонскиот парламент ќе гласа за независност од Шпанија

Парламентот на шпанската покраина Каталонија денеска ќе гласа за планот за независност од Шпанија до 2017 година, што го поднесоа сеционистичките партии, кои освоија мнозинство на последните избори. Шпанската влада ја оцени иницијативата како неуставна, а премиерот Маријано Рахој најави законски мерки за оспорување на иницијативата. Уставниот суд во Шпанија минатата недела, во четвртокот, оцени дека гласањето, сепак, може да се одржи.

Уапсени двајца припадници на Пинк пантер

Шпанската полиција вчера уапсила двајца припадници на бандата Пинк пантер и запленила украдена стока, чија вредност се проценува на повеќе милиони евра. Во соопштението се наведува дека сета украдена стока е од златарница на островот Фуертевентура на Канарските Острови. Идентитетот на уапсените не е наведен во соопштението. Бандата Пинк пантер е обвинета за серија кражби во кои, според податоците на Интерпол, од...

Шпанија: Пронајдени тела на четири мигранти, а 35 се исчезнати

Шпанските спасувачки тимови денеска пронашле четири мигранти, а 35 лица се водат како исчезнати од чамец кој се нашол во проблеми додека пловел од Мароко кон Шпанија. Морнарската спасувачка служба соопшти дека 15 мигранти вчера се пронајдени живи во чамец во Средоземно Море, јужно од Малага. Во соопштение објавено на „Твитер“, се наведува дека потрагата по исчезнатите мигранти денеска е продолжена. Африканските...

НАТО-вежби со Шпанија, Италија и со Португалија

НАТО денеска почнува тринеделни воени вежби во Шпанија, Италија и во Португалија, кои се оценуваат како најголеми од 2002 година. Во вежбите кои ќе се одвиваат во воздух, копно и на море, ќе учествуваат 36.000 војници. На вежбите се поканети да учествуваат или да бидат гости и земји кои не се членки на НАТО. Русија е поканета да ги надгледува маневрите.

Рахој ќе разговара со Каталонците, но не дава независност

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека се подготвени да соработуваат со идната каталонска влада и да разговараат за поширок спектар на прашања, но само „во законски рамки“. Партиите што го поддржуваат осамостојувањето на Каталонија соопштиле дека добиле мандат за реализација на планот за независност и ја повикаа централната власт во Мадрид да прифати демократски референдум за ова прашање. Рахој рече дека е „подготвен...

Партиите за независност на Каталонија победија на изборите

Партиите што се залагаат за независност на Каталонија денеска освоија мнозинство на регионалните избори, покажуваат неофицијалните резултати. По повеќе од 90 отсто од преброените гласови, сојузот на двете сепаратистички партии освоил 72 од 135 места во регионалниот парламент, јавува „Би-Би-Си“. Владејачката партија, Ковергенсија, на каталонскиот лидер Артур Мас, и Ескера републикана формираа заедничка листа под називот „Заедно за да“. Тие претходно наведоа дека...

Каталонија ќе биде исфрлена од ЕУ и од еврозоната ако прогласи независност

Шпанската централна банка денеска порача дека покраината Каталонија автоматски ќе биде исфрлена од Европската унија и од еврозоната доколку прогласи независност од Шпанија. Каталонците в недела гласаат на регионални парламентарни избори, а сецесионистичките партии најавуваат дека во случај да освојат мнозинство од 165 места во парламентот, ќе бараат независност во рок од 18 месеци. Според последните анкети на јавното мислење,...

Македонските фудбалери загубија од Шпанија

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 1:0 на стадионот „Филип Втори“ од Шпанија, но одигра одлично во квалификацискиот натпревар за ЕП 2016. По еден центар-шут на Мата од десната страна, Томе Пачовски несреќно интервенираше и постигна автогол во осмата минута од средбата. Избраниците на Љубинко Друловиќ се прикажаа во одлично светло против силната селекција на Шпанија и беа рамноправен противник во текот...

Шестмина загинати при несреќа на автомобилско рели во Шпанија

Шест лица, меѓу кои и една бремена жена, загинале кога автомобил излетал од патот и удрил во нив за време на автомобилско рели, кое вчера се одржувало во градот Карал, во северозападниот дел на Шпанија, јавуваат светските агенции. Во несреќата, како што соопштиле од полицијата, повредени се 16 лица, од кои дел се во критична состојба. Од видеоснимките од несреќата се...

Шпанија и Мароко: Апсења поради регрутирање членови за ИД

Шпанија и Мароко денеска во заедничка акција уапсија 14 лица осомничени дека регрутирале лица за Исламска држава во Сирија и Ирак, соопштија од шпанското Министерство за внатрешни работи. Акцијата е спроведена во Мадрид и во неколку региони во Мароко. - Припадници на разузнавачките служби на Шпанија и на Мароко денеска уапсиле 14 лица во местото Сан Мартин де ла Вега во...