fbpx

Двајца мажи и една жена уапсени во Шпанија поради поврзаност со ИД

-

Шпанската полиција денеска, во организирана акција, уапсила три лица осомничени за поврзаност со Исламска држава (ИД), јавуваат светските медиуми.

Според информациите, повеќе десетици полициски специјалци извршиле рација во стан во Барселона и уапсиле двајца мажи од мароканско потекло, а една жена била уапсена во градот Гранолерс.

Тие се товарат дека преку социјалните мрежи ширеле џихадистичка пропаганда и дека поттикнувале лица да заминат во Сирија и во другите кризни жаришта.

Од почетокот на годината во Шпанија се уапсени 68 лица, осомничени за поддршка на тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...