fbpx

Земјотрес меѓу Мароко и Шпанија – нема жртви

-

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утринава е регистриран во Средоземно Море, меѓу Мароко и Шпанија, соопшти американскиот институт за геологија.

Потресот се случил во 4.20 часот по локално време на околу 60 километри од мароканскиот град Ал Хосеима и околу 160 километри од Гибралтар, наведе институтот и додаде дека по главниот земјотрес следувал втор, со јачина од 5,3 степени. Според првите процени, малку е веројатно дека има жртви и материјална штета.

Во земјотресот, кој во февруари 2004 година го погоди ова подрачје, загинаа 630 лица и тогаш беше причинета значителна материјална штета во Ал Хосеима.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...