fbpx

Партиите за независност на Каталонија победија на изборите

-

Партиите што се залагаат за независност на Каталонија денеска освоија мнозинство на регионалните избори, покажуваат неофицијалните резултати.

По повеќе од 90 отсто од преброените гласови, сојузот на двете сепаратистички партии освоил 72 од 135 места во регионалниот парламент, јавува „Би-Би-Си“.

Владејачката партија, Ковергенсија, на каталонскиот лидер Артур Мас, и Ескера републикана формираа заедничка листа под називот „Заедно за да“.

Тие претходно наведоа дека денешните избори се де факто референдум за независност од Шпанија и оти победата на изборите им дала право еднострано да прогласат независност во рок од 18 месеци.

Централната влада во Мадрид најави дека судски ќе ги блокира таквите потези. Каталонскиот лидер Артур Мас прогласи победа на изборите и рече дека станува збор за два победи, од кои една за коалицијата и една за демократијата.
Листата „Заедно за Да“ освои 62 места, додека радикалната пратија Кандидатура за народно единство освои 10 места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...