Исламска држава објави нова видеоснимка во која се заканува со нови напади. Во видеозапис од погубување, маскираното лице на француски им се закани на „неверниците“, споменувајќи нови напади.
Снимката трае осум минути, а беше објавена пред службата на ИД, насловена како Покраина Нинива. На неа, петмина мажи стрелаат в глава пет заложници, облечени во портокалово, кои го нарекуваат „шпиони“. Петте жртви на снимката, на арапски јазик ги пренесуваат првичните за нивното заробеништво.
Русокосиот милитант кој говори на француски, е единствениот кој говори на снимката, а тврди дека се зголемува бројот на непријателите на ИД и предупредува дека може да се очекува нешто поради што ќе се „заборават 11-септемвриските напади во САД и париските напади“. Тој ги спомена Шпанија и Португалија, односно Толедо и Кордоба.