fbpx

Шпанија и Мароко: Апсења поради регрутирање членови за ИД

-

Шпанија и Мароко денеска во заедничка акција уапсија 14 лица осомничени дека регрутирале лица за Исламска држава во Сирија и Ирак, соопштија од шпанското Министерство за внатрешни работи.

Акцијата е спроведена во Мадрид и во неколку региони во Мароко.

– Припадници на разузнавачките служби на Шпанија и на Мароко денеска уапсиле 14 лица во местото Сан Мартин де ла Вега во Шпанија и Феза, Казабланка, Надора, Ал Хосеими и Дизша“ се наведува во соопштението.

Уапсените им припаѓале на мрежа која регрутирала и праќала борци да се придружат на терористичката организација во сириско-ирачките региони кои се под контрола на групата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...