fbpx
Таг: СашоМијалков

таг: СашоМијалков

Груевски: Мијалков не е привилегиран

Координаторот на СДСМ, Горан Сугарески, на денешната седница за поставување пратенички прашања, го праша премиерот Никола Груевски како поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, успеал да го мине аеродромското обезбедување со пиштол во торбата. Премиерот Груевски на тоа рече дека тој не е надлежен за тоа што граѓаните пренесуваат во своите торби кога излегуваат од државата. - Институциите треба да си...

СДСМ повторно побара одговори од надлежните за случајот со Мијалков

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку писмено соопштение до медиумите, денеска повторно побара објаснување и одговори од компанијата ТАВ, полицијата, царината и од другите надлежни служби, за тоа како поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, успеал да ги помине аеродромските контроли со пиштол во патната торба. „Компанијата ТАВ, која управува со аердромот во Скопје, е должна на...

ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков, за разлика од Заев, признава кога ќе направи пропуст

„Сашо Мијалков даде изјава во медиумите. Го потврди пропустот. Сашо Мијалков не лаже и не манипулира. Факт кој е несвојствен и неразбирлив за СДСМ“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ во кое најголемата опозициска партија, меѓу другото, прашува како поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање успеал да ја помине контролата на аеродромот во Скопје...

ТАВ за случајот со Мијалков: Станува збор за човечка грешка, внатрешната истрага е во тек

Компанијата ТАВ, која управува со скопскиот аеродром „Александар Велики“, почнала внатрешна истрага што треба да утврди како поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, успеал да ги помине аеродромските контроли со пиштол во куферот, изјавиле за порталот „Либертас“ од компанијата. Истата изјава на својата интернет-страница ја пренесува и неделникот „Фокус“, а во која од ТАВ тврдат дека...

СДСМ: Ако не пријавил пиштол, што сè друго не пријавува Мијалков кога ја напушта земјава?

„Ова е нов скандал, по серијата скандали од кои последен беше тој со дипломатскиот пасош на Мијалков“, реагираат од опозицискиот СДСМ во врска со информацијата дека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, бил приведен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ откако му бил најден пиштол во патната торба. Од СДСМ прашуваат како Мијалков успеал да ја помине...

Мијалков приведен, па пуштен на белградскиот аеродром, поради пиштол во куфер

Поранешниот директор на Упрaвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, бил приведен на аеродромот во Белград, откако веднаш по слетувањето во патна торба му бил најден пиштол. Настанот, за кој вчеравечер информираа српските медиуми, денеска за порталот „Прес 24“ го потврди и Мијалков. Тој, во изјава за порталот, вели дека при тргнување на пат зел торба која не ја проверил, па...

Мијалков се откажа од дипломатскиот пасош

Дипломатската патна исправа, која во согласност со закон и дискреционо право на министерот ми беше доделена од МНР, сè уште не сум ја подигнал ниту употребил, изјави поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков, за порталот „Прес 24“. Тој вели дека СДСМ го става фокусот на црна кампања бидејќи нема што друго да им понуди на граѓаните - За да им се одземе...

СДСМ: На која основа МНР дозволило дипломатски пасош за Мијалков?

„Информацијата дека на Сашо Мијалков му е издаден дипломатски пасош отвора нов сериозен скандал. Тоа значи дека институциите раководени од соработниците на Груевски, влегуваат во сериозна злоупотреба на службената положба“, велат од СДСМ. Оттаму го повикуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, да објасни на која основа Министерството за надворешни работи дозволило дипломатски пасош за братучедот на Груевски, Сашо Мијалков. „Објавените документи...

Јанкулоска за „Монструм“: Камерите се спремни, ама дали ќе завршиме со убиствово?

„За жал, камерите кога се случи грозоморното убиство не беа во функција и не можевме да сметаме на една ваква технолошки моќна алатка за разоткривањето на најтешкото кривично дело со кое сме се соочиле. Меѓутоа, со несебично залагање на сите припадници на Министерството за внатрешни работи, кои буквално деноноќно работеа на терен од моментот кога се случи убиството до...

Ги откри ли Заев тајните летала на Мијалков?

Во еден од прислушуваните разговори што вчера ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, меѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, шефот на тајната полиција се жали дека кубури со кадар, без кој не може да се работат „ни леталата, ни хеликоптерите“. На кои летала мисли Мијалков во разговорот со...

Сите наши безбедносни бизниси со Израел

Каква опрема набавило МВР од Израел во 2011 година, а за која стана збор во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозцијата, Зоран Заев? Oсвен тврдењата од едната и од другата страна, за тоа нема никаков официјален документ кој би потврдил за што точно се работи. Зоран Заев и СДСМ остануваат на тврдењето дека станува збор за набавка на опрема...

Мијалков смее да апси и тоа е проблемот…

Сашо Мијалков на Драган Павловиќ-Латас на аудиоснимката од телефонскот разговор: „Што ти реков јас дека од понеделник ќе почнам да апсам. Завршија изборите и утредента драгаууу“. Сашо Мијалков на Емил Стојменов: „Јас ветив една работа, дека од понеделник апсам. Тачно чекав да помине петти јуни, кампањата, да видиме кој е кој и од шести почнувам со апсење... И тоа почнав со тој што...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...