вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: руско влијание | 100 резултати

Курти за „Гардијан“: Русија губи во Украина, но ги разгорува тензиите меѓу Србија и Косово

20 декември 2022

Косовскиот премиер Албин Курти предупреди дека од зголемените тензии меѓу Србија и Косово корист има само за Владимир Путин и Русија. Tој во разговор за весникот Гардијан предупредува дека Русија ги разгорува тензиите меѓу двете земји. Неговата изјава следи откако етничките Срби во северниот дел на Косово поставија блокади на некои патишта. Курти посочува дека […]

Закани за бомби во руски стил: Целта е да се сее страв кај населението

16 декември 2022

Експертите оценуваат дека досегашните аларми за бомби во училишните објекти, трговските центри и институциите доаѓаат од Русија. Нивната цел е да сеат страв кај граѓаните во контекст на војната во Украина и вознемиреност за еден можен конфликт на северот на Косово, пишува Порталб.мк. Северна Македонија, како и државите од регионот, во изминатиот период се соочува […]

ЕУРактив: Блокадата на „Шенген“ ги потхранува проруските наративи во Бугарија

13 декември 2022

Одлуката на Холандија и Австрија да го блокираат влезот на Бугарија во Шенгенскиот договор ја засили реториката на проруските кругови, при што Костадин Костадинов, претседателот на популистичката партија „В’зраждане“ (Преродба), порачува дека „одлуката ја докажува лицемерноста на ЕУ, со тоа што таа ги сака само парите на Бугарија, а не и нејзините граѓани“, пишува Красен […]

ИПИС: Речиси 38 отсто испитаници сметаат дека „некој друг“ е виновен за воената инвазија на Русија врз Украина

12 декември 2022

Анкетата на ИПИС покажува дека 21,9 отсто од испитаниците сметаат дека одговорноста за воените дејствија е исклучиво на Русија, 4,1 отсто сметаат дека одговорноста лежи во Украина, додека 16,8 отсто сметаат дека подеднакво се одговорни и Русија и Украина. Понатаму, 19,4 отсто од испитаниците не можат да утврдат кој е виновен, додека рекордни 37,8 отсто […]

Српската влада го назначи прорускиот политичар Александар Вулин за директор на БИА

2 декември 2022

Прорускиот политичар Александар Вулин е избран за директор на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), одлучи вчера владата во Белград. Вулин во јавната реакција по назначувањето изјави дека неговиот избор е доказ дека Александар Вучиќ не попушта под притисоците на странците, пишува српскиот весник Данас. Вулин до изборот на новата српска влада ја вршеше функцијата министер за […]

Преку дезинформации, Кремљ се обидува да ја избегне вината за предизвикување на енергетската криза

23 ноември 2022

Преку „чад, огледала и гас“, Кремљ се обидува да ја избегне вината за зголемувањето на цените како резултат на енергетската криза. Фразата „чад и огледала“ се однесува на илузија од 19 век што магионичарите ја користеле за да проектираат слика во воздухот. Оттогаш оваа фраза го доби значењето на измама и делузија, пишува Еувсдисинфо, пренесува […]

Анализа на „Конрад Аденауер“: Македонските граѓани сега гледаат непријател во Русија

16 ноември 2022

За само една година значајно се зголемил негативниот став на македонските граѓани кон Русија, која од групата на пријателски земји се пресели во „најголеми непријатели“, веднаш зад Бугарија. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење и анализата насловена: „30 години надворешна политика и одбрана“, од Александар Спасеновски, а во издание на Институт за општествени истражувања […]

„Готвачот на Путин“ Евгениј Пригожин призна вмешување во изборите во САД

8 ноември 2022

Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин призна вчера дека се вмешувал во изборите во САД и порача дека ќе го прави тоа и во иднина. Ова е првото признание за нешто за што Западот долго време обвинува, а доаѓа од личност што беше обвинета од официјален Вашингтон за обиди за влијание во американската политика, јави Ројтерс. Во […]

Германија ѝ порача на Србија: Треба да изберете меѓу ЕУ и Русија

2 ноември 2022

Србија мора да се реши дали сака да влезе во ЕУ или сака да влезе во партнерство со Русија, порача Германија вчера, на само два дена пред шесте земји од Западен Балкан да се соберат на самит во Берлин за договарање поблиска соработка, јави Ројтерс. „Потребата од донесување одлука излегува на површина, во светлината на […]

Ковачевски за Би-Би-Си: Инфраструктура на Русија во земјава ширеше хистерија пред почетокот на преговорите со ЕУ

1 ноември 2022

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „Hardtalk“ на Би-Би-Си вели дека третите земји, вклучително и Русија, отсекогаш имале свој интерес да имаат замрзнат конфликт на Балканот. Тој додава дека од временска перспектива, има земји каде што се врските и јавното мислење е посилно кон Русија на Балканот и има земји каде ова мислење […]

Бугарскиот главен обвинител Гешев: Го напаѓаат Обвинителството заради руски интереси

21 октомври 2022

Обвинителството е цел на напади заради политички интереси што се совпаѓаат со оние на Русија, порача Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев во интервју за бугарски „Капитал“. Според Гешев, главната цел на нападите е преземање контрола врз државното обвинителство, но ваквото совпаѓање на интересите е загрижувачко, пренесува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. „Многу е интересно како се […]

Лидерот на бугарската „Преродба“ бркаше новинари од прес-конференција и медиуми нарече „странски агенти“

5 октомври 2022

Три дена по парламентарните избори, на првата прес-конференција по гласањето, Костадин Костадинов, претседателот на проруската политичка партија „В’зраждане“ (Преродба), инаку нарекуван и „бугарскиот Копејкин“, почна со расправија и обиди за бркање на новинари од „непожелни“ медиуми. Тој на почетокот на прес-конференцијата во прес-клубот на Бугарската телеграфска агенција (БТА) во Софија првин ги нарече „Дневник“, „Капитал“, […]

Дезинформациите како оружје во војната за енергенси

5 октомври 2022

Секоја војна се води на повеќе фронтови. Во однос на војната во Украина, најстрашна е онаа што се одвива на теренот каде што секојдневно се губат животи, се уништуваат цивилни објекти, а трагедијата и бесмисленоста на војната секој ден остава длабоки лузни во душата на луѓето. Војна се води и на полето на дипломатијата, но […]

Кремљ во расцеп на сопствената пропаганда и сѐ погласните критики за реалната загубена иницијатива во Украина

17 септември 2022

Последиците од најновиот развој во Украина за Кремљ сè уште е нејасни, но, експертите велат дека ако украинската контраофанзива продолжи со слично темпо, на Путин ќе му биде сè потешко да се претстави како силен стратег. Тој повеќе од две децении градеше слика за себе како силен воено-политички и двигател на меѓународната политичка сцена стратег кој […]

Османи потврди: Има сознанија за руско влијание на политичкиот живот во земјава преку одредени извори на финансирање

16 септември 2022

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите потврди дека има сознанија и индиции за руско влијание на политичкиот живот, во земјава преку одредени извори на финансирање. Тој рече дека нема дополнителни информации во врска со информацијата која произлезе од Стејт департментот според која Русија тајно дала повеќе од 300 милиони долари […]

Русија потрошила 300 милиони долари во последните 8 години за да влијае на светската политика

15 септември 2022

Русија, користејќи тајни методи, од 2014 година потрошила повеќе од 300 милиони американски долари за своите обиди да влијае врз политичари и функционери во речиси 25 земји, соопшти Си-би-ес цитирајќи го Стејт Департментот (Министерството за надворешни работи на САД). Според наводите што се изнесени, а се повикуваат на нови разузнавачки извештаи за руските обиди за […]

Во Софија повторно протест #ГаzWithMe против намерата на техничката влада да се купува руски гас

11 август 2022

Стотици демонстранти се собраа вчеравечер пред Кабинетот на претседателот на Бугарија, во најстрогиот центар на Софија, да протестираат против намерите на техничката влада на Бугарија повторно да купува гас од руски Газпром, јави mediapool.bg. Ова е вториот протест #ГаzWithMe – првиот се случи пред една седмица. „Гасот од внатрешно-политички проблем веќе се претвори во надворешно-политички. […]

Трет пат претседателот Пендаровски ја обвинува Москва дека се меша во внатрешните работи на Северна Македонија

29 јули 2022

Македонскиот претседател Стево Пендаровски по трет пат месецов во интервју за медиумите говори за руското мешање во внатрешните работи на земјава. Во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“, Пендаровски открива дека постојат сознанија кај надлежните органи за луѓе што доаѓале за да направат провокација на неодамнешни граѓански протести, но и за финансирање на „некои […]

Петков: Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот

28 јули 2022

Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за британскиот весник „Тајмс“, а чии најважни поенти ги пренесува Медиа Пул. За време на краткиот премиерски мандат, Петков вели дека успеале да ја ограничат корупцијата на локално ниво во Бугарија, но и откриле дека имале поголем непријател, […]

Политико: Кирил Петков го вперува прстот кон мафијата и Русија за падот на бугарската влада

23 јуни 2022

Досегашниот бугарски премиер Кирил Петков ја обвини Русија и моќната бугарска мафија за изгласувањето недоверба на неговата влада, пишува Политико. Престижниот американски медиум во својот текст објаснува дека владата на Петков дојде на власт во Бугарија пред само шест месеци со ветување дека ќе се бори против корупцијата во земјата и зазеде невообичаено цврст став […]

Страна 4 од 5