fbpx

МО на Бугарија: Русија со хибридни напади против евроатлантската интеграција на Западен Балкан

-

Русија врши хибридни дејствија против евроатлантската ориентација на Бугарија и саботирање на исполнувањето на националните ангажмани во НАТО и ЕУ, оценува бугарското Министерство за одбрана во извештајот за состојбата на одбраната во текот на минататата година, известува бугарскиот новински сајт mediapool.bg.

Во извештајот што бил разгледан во Владата и треба да влезе во парламентарна процедура, Министерството за одбрана (МО) на Бугарија пишува и дека Русија спроведува хибридни напади насочени кон саботирање на евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан.

За разлика од претходните извештаи, во кои МО беше внимателно со оценките за заканите од Русија, во годинашниот извештај токму на нив се посветува посериозно внимание. Од министерството ги одбележуваат и ултимативните и неприфатливи барања кон НАТО и државите од Источното крило на Северноатлантската алијанса (т.н. „новите членови“, вклучувајќи ја тука и Бугарија, коишто противречат на сувереното право на државите да ги избираат сојузите во кои учествуваат и политиката што ја водат, пишува mediapool.bg.

„Хибридните закани, тероризмот, миграциските бранови, организираниот криминал и кибер-криминалот исто така ги задржаа водечките места во листата главни предизвици за националната безбедност и безбедноста на сојузите. Се почесто глобални и регионални сили, како и не-државни субјекти, прибегнуваа до хибридни инструменти за постигнување на наведените цели. Особено активна во користењето на хибридни инструменти за остварување на својата реваншистичка политика и за наметнување на влијанието надвор од нејзините граници беше Руската Федерација“, се вели во извештајот.

Според МО на Бугарија, Русија спроведува хибридни напади насочени и кон саботирање на евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан, при што е посебно одбележана Србија како главен „соучесник“.

„Русија ги засили вмешувањето и влијанието на Западен Балкан, што доведе до пораст на конфликтниот потенцијал на оската Србија – Косово, а исто така и во Босна и Херцеговина.За реализирање на регионалните цели, Русија се потпираше на зацврстувањето на традиционално силните врски со Србија, вклучително и во воената сфера преку заеднички вежби и постојана достава на оружје и борбена техника, дел од кои се дадени без надомест“, нагласува извештајот.

Бугарското МО вели и дека Русија успешно ги користела националистичките ставов во Република Српска, што ја дестабилизира ситуацијата во Босна и Херцеговина, известува mediapool.bg.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...