Анализа на „Конрад Аденауер“: Македонските граѓани сега гледаат непријател во Русија

-

За само една година значајно се зголемил негативниот став на македонските граѓани кон Русија, која од групата на пријателски земји се пресели во „најголеми непријатели“, веднаш зад Бугарија. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење и анализата насловена: „30 години надворешна политика и одбрана“, од Александар Спасеновски, а во издание на Институт за општествени истражувања „МК91“ и Фондација „Конрад Аденауер“, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

На прашањето „Според вас, која држава е најголем непријател на Северна Македонија?“, 44 отсто одговориле дека е тоа Бугарија, 29,3 отсто на поставеното прашање одговориле дека не знаат, по што следи 12,1 отсто испитаници, кои сметаат дека Русија е наш најголем непријател. Овие две земји (Русија и Бугарија) според испитаниците, имаат лоши билатерални односи со нашата држава, односно 59.3 отсто оценуваат дека се лоши односите на Русија кон нашата држава и 52.5 отсто ја даваат таа оценка за  Бугарија.

Извор:„30 години независност  (Aнализа и истражување на јавното мислење)“

Професор Александар Спасеновски, автор на оваа анализа, во изјавата за „Вистиномер“ забележува дека токму ставовите за Русија драстично се промениле за само една година.

Во истражувањето на јавното мислење од 2021 година кое се однесуваше на трите децении од воспоставувањето на независноста на Република Македонија беше испитувано мислењето на граѓаните за карактерот на билатералните односи на нашата држава со Бугарија и Русија. Тогаш како лоши билатералните односи на нашата држава со Русија ги оцениле 17.3 отсто, а со Бугарија 59.8 отсто од испитаниците. Споменатото значи дека за разлика од 2021, во 2022 година негативниот одиум на граѓаните кон Бугарија е скоро непроменет, а кон Русија е видливо влошен, објаснува професор Спасеновски.

Тој смета дека расположението на македонските граѓани кон Русија може да се доведе во корелација со руската агресија врз Украина, што е видливо и од прашањето во претпоследниот дел од оваа анализа.

Имено, 50.4 отсто од испитаниците сметаат дека руската агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива, додека 26.2 отсто сметаат дека истата е оправдана и прифатлива, што упатува на заклучокот дека испитаниците имаат приближно сличен став во однос на оваа тема како и граѓаните на другите држави членки на ЕУ и на НАТО. Македонските граѓани со тоа, покажуваат дека живеат и ја делат судбината на останатите земји членки на Алијансата, анализира Спасеновски.

Испитувањето на јавното мислење спроведено на крајот од август 2022 година на 1.111 испитаници во телефонска анкета, покажува дека Србија се перципира како најголем сојузник на Северна Македонија, што е одговор на 37,4 отсто од учесниците во анкетата,  по што следат САД, Турција и Германија.

Пишува: Весна Коловска

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...