четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Фондација Конрад Аденауер | 14 резултати

ДЕБАТА: Кинеското влијание во земјава расте, а граѓаните сонуваат за Кина како економски џин

1 декември 2022

Директни инвестиции во економијата, инфраструктурата, телекомуникациите, медиумите, академска соработка со универзитетите и функционирање на институтите Конфуциј се стратешките инструменти на кинеското влијание не само во Северна Македонија, туку и во другите земји. За кинеската „мека моќ“ во земјава не се известува доволно во македонските медиуми, додека кај граѓаните се создава апстрактна, идеализирана перцепција за Кина. […]

Анализа на „Конрад Аденауер“: Македонските граѓани сега гледаат непријател во Русија

16 ноември 2022

За само една година значајно се зголемил негативниот став на македонските граѓани кон Русија, која од групата на пријателски земји се пресели во „најголеми непријатели“, веднаш зад Бугарија. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење и анализата насловена: „30 години надворешна политика и одбрана“, од Александар Спасеновски, а во издание на Институт за општествени истражувања […]

Образованието и владеењето на правото во фокусот на студентската дебата: „Имам нешто да кажам за својата иднина“

27 април 2021

Денеска на платформата Зум се одржа студентската дебата на тема „I have something to say about my future“ (Имам нешто да кажам за својата иднина) во партнерска организација на Европското движење во Република Северна Македонија, како дел од Меѓународното Европско движење, заедно со Делегација на Европска Унија во РСМ и Фондацијата „Конрад Аденауер“. Поводот е […]

Собранискиот клуб за младински прашања е невидлив, пратениците се занимаваат со дневно-политички поентирања

16 април 2021

Клубот за младински прашања и политики во Собранието, составен од млади пратеници е недоволно видлив во јавноста, а младите пратеници се најчесто преокупирани со дневни политички случувања, наместо со конкретни младински прашања. Додека пак, младите треба активно да ги адресираат нивните прашања и барања токму до младите пратеници. Ова е генералниот заклучок од денешниот настан […]

Истражување на ЛЕАД и Фондација Конрад Аденауер: 62 отсто од наставниците ја изведувале онлајн наставата од дома со сопствен компјутер

17 февруари 2021

Повеќе од половина, односно 62 проценти од наставниците ја изведувале онлајн наставата од својот дом со сопствен компјутер. Со ваков предизвик се соочиле и самите ученици, 21 отсто немале стабилна интернет конекција, а 4 отсто немале уред за следење на наставата. Ова го покажува анализата од истражувањето на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој […]

Во средното образование не се овозможија услови за квалитетно спроведување на далечинска настава

30 јули 2020

Во 64 отсто од случаите, ретко (еднаш во две недели или еднаш во месецот) или воопшто не се употребувале дигитални алатки во редовната настава, а 51 отсто од учениците никогаш не биле обучени од своите наставници за тоа како да користат дигитални алатки за потребите во наставата. Ова се дел од наодите на националното истражување […]

Анкета: Осум од десет верници велат дека ќе останат дома за Велигден и за Рамазан Бајрам

16 април 2020

Верниците немаат дилема дека за претстојните големи празници Велигден и Рамазан Бајрам треба да останат дома, наместо да заминат во црква или џамија. Најновото истражување на јавното мислење „Практикување на религија во услови на Пандемија“, што го реализираа интернет порталот religija.mk и Институтот за политички истражувања-Скопје со поддршка на фондацијата „Конрад Аденауер“, покажува дека високи 80,3 отсто […]

Груевски им го цитираше Ганди на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

16 септември 2017

„Бидете промената која сакате да ја видите“. Со овој цитат на Ганди, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им се обрати на кандидатите за градоначалници на опозициската партија на денешната политичка акадамија во хотелот „Мериот“, на тема „Јакнење на демократијата на локално ниво“, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Германија и на Институтот „Павел Шатев“. Инаку, Мохандас Махатма […]

„Социетас цивилис“ и „Конрад Аденауер“ ќе го следат спроведувањето на планот „3-6-9“

6 септември 2017

Во реформскиот процес треба да бидат вклучени сите што носат политички одлуки, без разлика на извештаите кои доаѓаат од ЕУ, изјави претставникот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Јоханес Раи, на денешната прес-конференција посветена на почетокот на проектот за следење на спроведувањето на планот „3-6-9“. – Перформансите на земјата не се доволни за да се премине во следната […]

„Конрад Аденауер“ жестоко ja искритикува ВМРО-ДПМНЕ

22 декември 2016

Во анализа под наслов „Народот одлучи“, Фондацијата „Конрад Аденауер“ на германската владејачка конзервативна партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, упатува остри критики за недемократско однесување на „сестринската“ партија во Македонија – ВМРО-ДПМНЕ, поради нејзиното одбивање да се реформира, дезавуирањето на државните институции, како и поради критиките кон странските амбасадори, пренесува „Дојче веле на македонски јазик“. Анализата, […]

Страна 1 од 1