fbpx
Таг: реакција

таг: реакција

МВР: Документите на Заев се лага, УБК никогаш не следела новинари незаконски

Министерството за внатрешни работи преку соопштение реагира на денешната прес-конфереција на лидерот на СДСМ, во кое се вели дека документите што денеска ги презентираше Заев, а се однесуваат на прислушувани и следени новинари, се најобична лага, а не документи на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК). „Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш незаконски не следеле...

Дамаск: Упадот на турските сили во Сирија e чин на безочна агресија

Упадот на Турција на сириска територија претставува чин на безочна агресија, соопштила денеска сириската влада во реакцијата за синоќешната воена акција на турската армија за евакуација на гробницата на Сулејман-шах, додавајќи дека ќе ја смета Анкара за одговорна за последиците, пренесува агенцијата САНА. „Турција не само што дава секаква поддршка на своите марионети од Исламска држава, Фронтот Ал-Нусра и од другите...

„Солидарност“: Згрозени сме од начинот на кој функционери на власта си играат со човечки судбини

Левичарското движење „Солидарност“ денеска реагираше на содржината на снимките што вчера ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, искажувајќи згрозеност од начинот на кој „високи функционери на нелегитимниот режим вулгарно демонстрираат моќ“. „Ние сме отворено згрозени од содржината на протечените снимени разговори. Тоа зборува за степенот до кој владејачката елита ги узурпира институциите и безбедносните служби за остварување сопствени интереси“,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фаќа во сопствените лаги

Зоран Заев и СДСМ со секој нов ден продолжуваат со одработување во полза на странските центри преку објавување креирани материјали со кои нанесуваат директна штета на државните интереси и на граѓаните на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на денешната прес-конференција на Петре Шилегов. „СДСМ е целосно посветена на ова сценарио бидејќи сметаат дека само така може да дојдат на...

МАНУ: Прислушувањето е тежок удар врз слободите и врз правата на граѓаните

Македонската академија на науките и на уметностите (МАНУ) излезе со реакција за прислушувањето. Во соопштението пишува дека иако во недостиг на изворни информации, МАНУ го оценува чинот на прислушување како тежок удар врз слободите и врз правата на граѓаните, особено врз нивното право на приватност и неповредливост на слободата на комуницирање. - Самиот факт дека се непосредно загрозени граѓанските слободи...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да ја дефокусира јавноста од реалните теми

Институциите, во рамки на своите законски и уставни надлежности, треба да ги утврдат сите факти и околности, но и мотиви и цели и на инспираторите, и на поддржувачите и на извршителите на ова сценарио, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за денешната прес-конференција на СДСМ и на лидерот на партијата, Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев, материјалите за кои тврди дека...

МРТ: Немавме време да организираме директен пренос од прес-конференцијата на Заев

Македонската радио-телевизија не можела за 45 минути да организира директен пренос од прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, па затоа одлучиле да го снимаат и целосно да го емитуваат во третиот ТВ-дневник, велат од МРТ. - Во првиот дневник имаше директно јавување (линк) посветен на реакцијата на СДСМ, во чии рамки беше пуштена изјава на лидерот на СДСМ. Во...

СДСМ: МРТ известува селективно и пристрасно

Македонска радио-телевизија не ја извршува законската обврска за професионално, објективно и непристрасно информирање на јавноста, туку е претворена во класично партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, велат од СДСМ. Оттаму велат дека МРТ известува селективно и пристрасно во интерес на власта. - Обраќањето на Никола Груевски, од страна на МРТВ беше пренесено во живо, во текот на денот и...

Руската амбасада повикува на темелна истрага во случајот „Пуч“

Руската амбасада реагира на акцијата „Пуч“. Од амбасадата велат дека очекуваат темелна истрага во интерес на безбедноста во Македонија. „Очекуваме дека овој настан ќе биде предмет на темелна истрага во интерес на стабилноста и на безбедноста во Македонија. Ги повикуваме сите политички сили во земјата да дејствуваат во рамките на уставните демократски институти, а постојните проблеми да ги решаваат по...

Казни за мачителите на животни во Вевчани!

Фотографии од Вевчанскиот карневал на кои можат да се видат кокошки наденати на вили, живи преплашени кокошки врзани за екстремитетите и фрлани во воздух како да се топки, а не живи суштестваа, труп на убиено куче заврзано за екстремитетите како плен, влечкано и мавано од толпата за да се прикаже пагански ритуал, живо куче со заврзани очи влечено со...

Ставрески бара Шилегов да се извини

Од Министерството за финансии реагира на прес-конференцијата на портпаролот на опозицискиот СДСМ и велат дека Петре Шилегов веќе втор ден по ред бесрамно ја замајува и ја дезинформира јавноста. - Неколкупати Шилегов, со тенденција, го споменува вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, дека потпишал договор со фирмата-изведувач на канализациската мрежа во Прилеп. Го повикуваме господинот Шилегов јавно да го...

СДСМ: „Курир“ потврди дека лаже

„Провладиниот портал „Курир“ денеска потврди дека неколку дена по ред тенденциозно ја лаже јавноста. Со последниот текст „Курир“ потврди дека терминот „бомбона-бизнис“ со којшто манипулираат не се однесува, како што тврдеа, на ЕСМ, туку се однесува на продажбата во четири очи, со директна спогодба и специјални привилегии на рафинерија ОКТА на грчка фирма од страна на Георгиевски и на Груевски“,...

СДСМ, три дена по обраќањето: Груевски продолжува со лицемерство

Груевски добро знае дека на двојните криминални избори во 2014 година, не одлучуваше народот, туку одлучуваа, во име на граѓаните, тој и институциите под негова контрола, реагираа од СДСМ. - Ако Груевски тврди дека тој и неговата власт се фокусираат на своите грешки, тогаш треба да го признае ова зло што им го нанесе на граѓаните и на Република Македонија,...

ВМРО-НП: За СПЦ македонските христијани се „крстени души во БЈРМ“

Српската православна црква (СПЦ) најбрутално ги навреди Македонците со последното соопштение, во кое наместо македонски христијани го употребува терминот „крстени души во БЈРМ“, реагираше денеска ВМРО-Народна партија, пренесе „Нова тв“. - Крајно сме огорчени од негаторските и непријателски ставови кон сè што претставува идентитет на македонскиот народ, содржани во соопштението на СПЦ. Во него доминираат вулгарности и навреди кон државата,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ живее само со деструкција, манипулации, закани, гнев и со омраза

Раководството на СДСМ живее само со деструкција, манипулации, закани, гнев и со омраза, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред Собранието на Македонија, по повод две години од „црниот понеделник“. Оттаму велат дека СДСМ досега нема предложени позитивен предлог за реформа или за мерка што би им помогнала на граѓаните и оти нема поддржано...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за политички линч на неистомисленици

Секоја нова одлука на таканаречената Комисија за верификација на фактите е дополнителна потврда дека процесот на лустрација власта го претвори во политичка сатанизација на неистомислениците, стои во реакцијата на  СДСМ. „Целта на таканаречената „Комисија за верификација на фактите“ не е да расчисти со неправдите од минатото, туку на неправеден и незаконски начин да ги санкционира сите оние, кои интелектуално, идентитетски или политички...

СДСМ: Иванов докажа дека Македонија нема претседател

„Добро утро Ѓорге Иванов! По петте години криење во фотелјата на Водно, изгласан на криминални избори, Иванов денеска се осмели да предава за  демократија и за дијалог во 2015 година“, реагираат од опозицискиот СДСМ со соопштение по годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. „Да ја имал Иванов храброста за којашто зборува, да му одржи лекција за политички дијалог на менторот Никола Груевски,...

СДСМ: Владата е исплашена и затоа носи избрзани образовни измени

Владата на Никола Груевски се исплаши од громогласното „не“ за т.н државен испит и затоа одлучија да го промовираат во недела, завтикан во куп избрзани образовни измени, за коишто, за некој месец ќе треба некој нов државен испит, стои во писмената реакција на СДСМ на денешната прес-конференција на министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро...

СДСМ: Со Велјановски и со Груевски, демократијата и слободата во Македонија имаат 365 лоши денови

Евидентна и лесно воочлива е конфузијата на спикерот Трајко Вељаноски, стои во соопштението на СДСМ, по реакцијата на претседателот на Собранието, во која тој тврдеше дека и опозициската партија сакала да не се верификуваат мандатите на пратениците. „Зарем човекот кој држеше брифинзи со новинари и преку медиумите упатуваше ултиматуми, поставувајќи крајни рокови за пратениците од опозицијата, денеска сака да каже...

„Фокус“ прашува, МВР ги кани на гости

Одговорниот уредникот на неделникот „Фокус“, Зоран Димитровски, вчеравечер до портпаролот на министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, јавно упати серија прашања, во врска со индициите за постоење тајна фабрика за изработка на пасоши, кои неделникот ги објави минататa недела. Димитровски од портпаролот на МВР побара одговор на прашањата: дали за изработка на фалсификувани пасоши е неопходна машина, која тежи 8 тони, или...

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...