МРТ: Немавме време да организираме директен пренос од прес-конференцијата на Заев

Македонската радио-телевизија не можела за 45 минути да организира директен пренос од прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, па затоа одлучиле да го снимаат и целосно да го емитуваат во третиот ТВ-дневник, велат од МРТ.

– Во првиот дневник имаше директно јавување (линк) посветен на реакцијата на СДСМ, во чии рамки беше пуштена изјава на лидерот на СДСМ. Во 17.45 портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, побара директно да се пренесува обраќањето на Заев, планирано за 18.30 часот. Во неможност за толку кратко време да се организира директен пренос, екипа на МРТ го сними целото обраќање на Заев и емитуваше дел од него во вториот дневник, набргу по завршувањето на прес-конференцијата на СДСМ. Во третиот дневник неговото обраќање (подолго од седум минути) се емитуваше во целост – се вели во соопштението од МРТ.