fbpx

СДСМ: Владата е исплашена и затоа носи избрзани образовни измени

-

Владата на Никола Груевски се исплаши од громогласното „не“ за т.н државен испит и затоа одлучија да го промовираат во недела, завтикан во куп избрзани образовни измени, за коишто, за некој месец ќе треба некој нов државен испит, стои во писмената реакција на СДСМ на денешната прес-конференција на министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски, на која двајцата информираа за пакетот закони за високото образование што вчера ги усвоила Владата.

– Насилството на Владата спроти ставот на 10.000 студенти и спроведено во моменти кога факултет по факултет излегуваат со отфрлување на владиниот предлог за „државен испит“ е класичен доказ со каква незрела и егоистична власт си имаат работа граѓаните во Македонија – велат од СДСМ.

Предлог-законските решенија на Министерството за образование и наука, за најголемата опозициска партија се „капитулација на осумгодишните погрешни владини политики што го доведоа образованието на раб на катастрофа“.

– Решението е во заминување на оваа Влада. А гласот на јавноста никој нема да го спречи – се вели во реакцијата на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...