fbpx

„Солидарност“: Згрозени сме од начинот на кој функционери на власта си играат со човечки судбини

-

Левичарското движење „Солидарност“ денеска реагираше на содржината на снимките што вчера ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, искажувајќи згрозеност од начинот на кој „високи функционери на нелегитимниот режим вулгарно демонстрираат моќ“.

„Ние сме отворено згрозени од содржината на протечените снимени разговори. Тоа зборува за степенот до кој владејачката елита ги узурпира институциите и безбедносните служби за остварување сопствени интереси“, стои во соопштението од „Солидарност“.

Оттаму велат дека се разочарани и револтирани од фактот што „најголемиот број мејнстрим медиуми одбрале да им служат на партиско-политичките интереси“.

„Спрегата помеѓу врхушката на власт со сопствениците и со уредниците во многу од медиумите е потврдена со содржината на последните протечени снимки, а уште поголема потврда доаѓа од големиот молк, односно спинерското покривање на најголемиот политички скандал во современа Македонија“, се вели во соопштението.

„Солидарност“ повторно апелира до СДСМ што поскоро да ги преземе следните чекори:

  • овозможување на граѓаните преку безбеден протокол да дознаат дали биле следени;
  • итно објавување на сите материјали што се од јавен интерес, со преземање мерки за заштита на идентитетот на цивили кои би биле загрозени со таквиот чекор;
  • инволвирање на поширок спектар на непартиски и невладини организации, независни медиуми и експерти во процесот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...