fbpx

ВМРО-НП: За СПЦ македонските христијани се „крстени души во БЈРМ“

-

Српската православна црква (СПЦ) најбрутално ги навреди Македонците со последното соопштение, во кое наместо македонски христијани го употребува терминот „крстени души во БЈРМ“, реагираше денеска ВМРО-Народна партија, пренесе „Нова тв“.

– Крајно сме огорчени од негаторските и непријателски ставови кон сè што претставува идентитет на македонскиот народ, содржани во соопштението на СПЦ. Во него доминираат вулгарности и навреди кон државата, државниот врв, црквата, верниците и кон македонските граѓани – велат од партијата на Љубчо Георгиевски

ВМРО-НП ги повика сите загрижени патриоти и ревносни бранители на македонскиот идентитет, пред сè, Владата, претседателот, МАНУ, владејачката демохристијанска ВМРО-ДПМНЕ, Семакедонскиот конгрес, Македонскиот манифест и други граѓански здруженија, како и најзагрозената МПЦ-ОА, да застанат во одбрана од постојаната закана од северниот сосед, кој систематски ги уништува духовните вредности на македонскиот народ.

– Конечно е дојдено времето да се каже вистината: „Иако е од братска Србија, многу е“ – реагираат од  партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...