СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за политички линч на неистомисленици

Секоја нова одлука на таканаречената Комисија за верификација на фактите е дополнителна потврда дека процесот на лустрација власта го претвори во политичка сатанизација на неистомислениците, стои во реакцијата на  СДСМ.

„Целта на таканаречената „Комисија за верификација на фактите“ не е да расчисти со неправдите од минатото, туку на неправеден и незаконски начин да ги санкционира сите оние, кои интелектуално, идентитетски или политички ѝ пречат на актуелната власт. Одговорноста за политичкиот линч на неистомислениците со власта, преку процесот на лустрација, паѓа само на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.