fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ живее само со деструкција, манипулации, закани, гнев и со омраза

-

Раководството на СДСМ живее само со деструкција, манипулации, закани, гнев и со омраза, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред Собранието на Македонија, по повод две години од „црниот понеделник“.

Оттаму велат дека СДСМ досега нема предложени позитивен предлог за реформа или за мерка што би им помогнала на граѓаните и оти нема поддржано ниту една инвестиција, изградба на автопат или реконструкција на училишта и на болници.

„Такви луѓе никогаш не може да ја водат оваа земја. Може нивната партија и членство сакаат ваква стратегија, но најголемиот дел од народот мисли поинаку. Мисли за доброто на државата и затоа и по нивни долги и негативни кампањи, губат со повеќе од 200.000 гласа разлика“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, во која од партијата додаваат и дека СДСМ шири хаос само за да не бидат прашани што направиле и каква програма создале.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...