fbpx
Таг: работници

таг: работници

Спасовски: Македонија има потреба од слободни и неокупирани синдикати

Македонија има потреба од вистински, слободни и неокупирани синдикати и тоа е задача и цел Владата да придонесе да имаме слободни синдикати со кои ќе можеме да разговараме за заштита за работничките права, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на средбата која ја побарале неколку синдикати. - Денеска е значаен ден заради тоа што на повик на неколку синдикати...

СДСМ и ЛДП го честитаат 1 Мај: Сплотени обезбедуваме економски и социјално стабилни граѓани

Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај го честитаа и Зоран Заев, во свое име и во име на СДСМ, како и ЛДП. „Бидете горди на нашата заедничка борба за правда, за квалитетен живот, за достоинствени работни места, за пристојни плати и пензии, за напредна Македонија. Овој 1 мај 2017 година е ден на нашата истрајност и верба во живот...

На странските инвеститори им недостигаат 500 квалификувани работници

Странските компании бараат квалификувани физички работници кои ги нема на пазарот на труд во Македонија и тоа е сериозен проблем во нивното работење, истакна претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Питер. Истражувањето на кое одговориле 40 компании, покажува дека лани тие имале потреба од 500 квалификувани физички работници и половина од нив имале проблем да ги...

Штрајк во две текстилни компании во Источна Македонија

Работниците на две текстилни компании од Источна Македонија стапија во штрајк за неисплатени плати, односно затоа што газдите на работниците им должат половина милион евра. Во италијанската компанија „Кадоро Ото“, која работи во технолошко-индустриската развојна зона во Крива Паланка, платата не е исплатена за два месеци. По пријава од Хелшинскиот комитет за човекови права, трудовата инспекција констатирала дека платата не е...

Сите затруени работници од „Леар“ се на домашно лекувањe, истрагата е во тек

Увидот е завршен, претстојат вештачења, по што дополнително ќе се произнесеме, велат од Основното јавно обвинителство Тетово, во врска со истрагата за затруените работници од фабриката „Леар“ која работи во состав на технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. Од Клиничката болница Тетово, Здравствениот дом Тетово, Центарот за јавно здравје и од Санитарната инспекција посочија дека рано е да се даваат информации околу...

Бесими: За 48 часа треба да се знаат причините за труењето на работниците во „Леар“

Во Клиничката болница во Тетово во моментов на лекување е задржано едно лице од вкупно 183 работници од фабриката „Леар“ во ТИРЗ Тетово, кои рано утрово биле хоспитализирани на клиниката поради симптоми на труење од храна, вели директорот на Клиничката болница, Флорим Бесими. - Во раните утрински часови, за краток период поголем број пациенити, масовно побараа лекарска помош во нашата...

Обвинителството и полицијата вршат увид во „Леар“ поради труењето на работниците

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово и екипа на полицијата во моментов вршат увид во фирмата „Леар“ во ТИРЗ Тетово, кај селото Сараќино, каде биле затруени, најверојатно од храна, околу 220 вработени во фирмата, информираат од обвинителството. „Утрово од тетовската клиничка болница во СВР Тетово било пријавено дека во болницата се донесени повеќе од 200 затруени лица, вработени во фирмата....

Петмина работници ја победија Црна Гора во Стразбур

Петмина поранешни вработени во некогашниот гигант на СФРЈ и потоа на СРЈ, производителот на градежни машини „Радоје Дакиќ“, по седум години чекање, го добија спорот против владата на Црна Гора што го поведоа во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, јавија црногорските медиуми. Сега црногорската влада мора да им исплати најдоцна за три месеци сума од 217.000 евра, колку...

Во центарот на Битола ископани гробови од Отоманскиот период

Во центарот на Битола, кај месноста Стевче Патако, при градежни работи, најдени се човечки коски и остатоци од гроб, од Oсманлискиот период. На само неколку метри од објектот на урбаната заедница, на самиот агол, градежни работници ископале остатоци од човечки коски, како и делови од гробови, по што по налог на Завод и музеј „Битола“, работите се стопирани и...

Протест на работниците од нафтената рафинерија во Фиер

Еден работник во нафтената рафинерија во албанскиот град Фиер се закани дека ќе изврши самоубиство ако нему и на неговите колеги не им бидат дадени четирите неисплатени плати. 59-годишниот Агим Мурдини утрово протестирал заедно со уште 150 други работници кога зел шише наполнето со бензин и се качил на оџак на висина од 40 метри. Тој стоел таму три часа...

Се продава штипската фабрика „Брилијант“

Штипската фабрика за производство на масло за јадење „Брилијант“ е на продажба. Поголем дел од работниците не се на работа, а фабриката работи со минимален капацитетет. На работа се петнаесетина работници, кои го филтрираат и го пакуваат маслото за јадење, кое стигнува од фабриката во Србија. Комплетниот погон - рафинерија е затворен. Инаку, денеска беше комплетирана и продажбата на терминалот со...

Велика Британија ќе воведе такса за работниците од ЕУ

Британската влада сака да воведе такса од 1.000 фунти за секој британски работодавец што ќе вработи работник кој потекнува од некоја од земјите членки на Европска Унија. Британскиот министер за миграција, Роберт Гудвил, пред Горниот дом на британскиот парламент истакнал дека е можно воведување на такса за работниците од ЕУ. Гудвил истакнал дека ќе има програми кои ќе дозволуваат работниците во земјоделството да...

Синдикатите потпишаа повелба и го поздравија разрешувањето на Митревски

Повеќе гранкови синдикати ставија потпис на повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права, со која, меѓу другото, се спротиставуваат на опструкциите на синдикализмот и бараат од надлежните органи во земјава да преземат активности за нивно надминување. Со повелбата, која ја потпишаа Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Синдикатот на работниците од управата, правосудните...

Намален бројот на работници во индустријата во октомври во однос на лани

Бројот на работниците во индустријата во октомври во однос на истиот месец лани е намален за 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во првите десет месеци годинава во однос на истиот период лани бројот е зголемен за 0,3 отсто. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во октомври во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 3,2 проценти,...

СДСМ ја обвини власта за загадувањето и за затворањето на „Југохром“

Државните институции се виновни што комбинатот „Југохром“ сè уште не поставил филтри на станиците, поради што беше принуден да ги исклучи печките, а со тоа и 720 вработени да останат на улица, обвинија денеска од СДСМ. - Печките на „Југохром“ се исклучени, но со тоа власта, преправајќи се дека решава еден проблем, направи нов проблем. 720 вработени сега се во неизвесност за...

Најмалку 19 загинати во пад на руски хеликоптер во Сибир

Најмалку 19 лица загинале во пад на руски хеликоптер во Северозападен Сибир, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници на Москва. Хеликоптерот од типот „ми 8“, кој превезувал 22 работници, се урнал вчера во регионот Јамало-Ненетски во Сибир, пренесува „Би-би-си“. Рускиот претседател Владимир Путин им изразил сочувство на роднините на жртвите, соопштил неговиот портпарол. Тројца од преживеаните патници биле хоспитализирани, а...

Српските пратеници ја замрзнаа работата во косовското собрание поради законот за Трепча

Српските пратеници ја замрзнаа работата во косовското собрание поради усвојување на законот за Трепча и соопштија дека не признаваат ниту една одлука што е донесена без договор со српските политички претставници. „Пратениците на Српската листа, свесни за тежината на ситуацијата и за одговорноста, во Косовска Митровица одржаа состанок на кој е заклучено дека е нелегална одлуката на Собранието на Косово да го присвои...

На секој петти работник во Јапонија му се заканува смрт од прекувремена работа

На една петтина од работниците во Јапонија им се заканува смрт од премногу работа, покажува најновата владина студија посветена на работните навики во таа земја. Секоја година во Јапонија се регистрираат повеќе од стотина смртни случаи поврзани со премногу работа, а луѓето умираат од мозочни и од срцеви удари, но извршуваат и самоубиства, пренесуваат светските агенции. Покрај смртните случаи, работниците се загрозени...

Минимална плата од 12.000 денари и мерки против отпуштање вработени, ветува СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска најави дека доколку победи на изборите на 11 декември, ќе ја зголеми минималната плата на 12.000 денари до април 2017 година, а до 2020 година таа да изнесува 16.000 денари. Оваа минимална плата, како што рече денеска на прес-конференција претседателот на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ, Драган Тевдовски, ќе...

Се урна тунел од метро во Техеран, четворица загинати

Четворица работници загинале, а 11 биле повредени откако се урнал тунел кој бил пробиван за време на изградбата на нова метро-станица во главниот град на Иран, Техерен, јавуваат светските агенции. Меѓу загинатите и повредени работници, според извештаите, имало и неколку бегалци од Авганистан. Несреќата била предизвикана од уривање на бетонската конструкција, која паднала врз работниците. Официјални претставници соопштиле дека причина за несреќата...

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...