fbpx

Штрајк во две текстилни компании во Источна Македонија

-

Работниците на две текстилни компании од Источна Македонија стапија во штрајк за неисплатени плати, односно затоа што газдите на работниците им должат половина милион евра.

Во италијанската компанија „Кадоро Ото“, која работи во технолошко-индустриската развојна зона во Крива Паланка, платата не е исплатена за два месеци. По пријава од Хелшинскиот комитет за човекови права, трудовата инспекција констатирала дека платата не е исплатена во законскиот рок и ја казнила компанијата.

– Работодавецот ја платил казната од 67.000 денари, но не и платата на работниците. Останува единствената алтернатива, работниците преку суд да си ги бараат заработените плати – изјави Игор Јадровски, правник во Хелшинскиот комитет.

По неможноста да остварат средба со италијанските сопственици, минатата недела работничките на „Кадоро Ото“ одговори побараа од градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Според Горан Трајков од здружението „Тивко мнозинство“ од Штип, работничките слушнале дека извозот на компанијата се врши преку шпедицијата на градоначалникот Алексовски. Трајков бил на средбата на работничките со градоначалникот Алексовски и пред новинарите ја раскажа комуникацијата на градоначалникот со италијанските сопственици.

– Работничките бараа одговори од градоначалникот. Тој прво не сакаше да ги побара газдите. Потоа некако се согласи и на крај тие сами му се јавија и рекоа дека утредента ќе ги исплатат платите. Ние го ставивме штрајкот во мирување. Меѓутоа, платите не беа исплатени и работничките заминаа пред Општината. Градоначалникот им рече: „Ете, и мене ме излажаа“ – изјави Трајков.

Штрајкот во „Кадоро Ото“ сè уште трае. Од вчера своите плати си ги бараат и работниците на „Зона трико“ од Виница.

Минатата година дури осум месеци работеле без плата, по што во септември им било кажано да не доаѓаат на работа. Добиле плата за четири месеци, но не познавајќи го законските права, работниците една година не презеле ништо.

Од здружението „Тивко мнозинство“ и Хелшинскиот комитет повикаа инспекциите и по допрен глас да ја посетат компанијата и да наложат исплата на заостанатите плати. Чуден е, како што рекоа двојниот аршин: за малите дуќани и за други компании два дена по законскиот рок за исплата на плати веднаш реагираат со казни, а за други толеранцијата е со месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...