fbpx

Обвинителството и полицијата вршат увид во „Леар“ поради труењето на работниците

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово и екипа на полицијата во моментов вршат увид во фирмата „Леар“ во ТИРЗ Тетово, кај селото Сараќино, каде биле затруени, најверојатно од храна, околу 220 вработени во фирмата, информираат од обвинителството.

„Утрово од тетовската клиничка болница во СВР Тетово било пријавено дека во болницата се донесени повеќе од 200 затруени лица, вработени во фирмата. Според првичните сознанија, лицата се затруле најверојатно од храната што ја консумирале околу еден часот по полноќ, додека два часа подоцна ги почувствувале првите симптоми“, стои во соопштението на обвинителството.

Затруените работници се жалеле на болки во стомакот, повраќање и на вртоглавица.

Повеќето од затруените лица се задржани во тетовската болница, а дел се префрлени во гостиварската клиника, за укажување лекарска помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...