fbpx

Српските пратеници ја замрзнаа работата во косовското собрание поради законот за Трепча

-

Српските пратеници ја замрзнаа работата во косовското собрание поради усвојување на законот за Трепча и соопштија дека не признаваат ниту една одлука што е донесена без договор со српските политички претставници.

„Пратениците на Српската листа, свесни за тежината на ситуацијата и за одговорноста, во Косовска Митровица одржаа состанок на кој е заклучено дека е нелегална одлуката на Собранието на Косово да го присвои комбинатот Трепча. Тоа претставува свесен чин за газење на интересите на српскиот народ на Косово и миноризација на српските политички претставници“, било истакнато во соопштението на српските пратеници од Косово.

Имено, законот за Трепча предвидува овој рударско-металуршки комбинат да стане акционерско друштво во кој косовската влада би имала 80 отсто од акциите, а 20 отсто од акциите би им припаѓале на работниците и на другите акционери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...