fbpx

СДСМ ја обвини власта за загадувањето и за затворањето на „Југохром“

-

Државните институции се виновни што комбинатот „Југохром“ сè уште не поставил филтри на станиците, поради што беше принуден да ги исклучи печките, а со тоа и 720 вработени да останат на улица, обвинија денеска од СДСМ.

– Печките на „Југохром“ се исклучени, но со тоа власта, преправајќи се дека решава еден проблем, направи нов проблем. 720 вработени сега се во неизвесност за своите работни места и за својата плата, со која ги прехрануваат семејствата и не е познато кога и дали ќе се вратат на работа. Од комбинатот известија дека проблемот е предизвикан поради неажурноста на надлежните државни институции. Наместо да ги поставуваат филтрите за фабриката да работи согласно стандардите, тие повеќе од 20 месеци чекале да им биде дадено одобрение за градба. Со тоа, наместо да помогне, државата одмогнала проблемот да се реши – изјави Пеце Мирчевски, престедател на комисија за животна средина на СДСМ .

Мирчевски на прес-конферецијата, која ја одржа пред комбинатот „Југохром“, изјави дека Владата треба да даде одговор кој и зошто ја кочел постапката за давање дозвола за градба и веднаш да најде решение за работниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...