fbpx
Таг: работни групи

таг: работни групи

Шилегов: Нова потврда дека Груевски стои зад ревизијата на Охридскиот договор

„Еве, нова потврда дека Никола Груевски стои зад ревизија на Охридскиот рамковен договор. Ова е документ од Владата, анализа на Рамковниот договор“, обвини Петре Шилегов на прес-конференција пред Владата. - Според овој документ, генералниот секретар на Владата побара тоа да биде тема на работните групи на политичките партии. Која е целта на Груевски со овие документи за Рамковниот договор? Што...

Новинарите ги исвиркаа преговарачите

Дел од новинарите денеска протестираат пред Клуб на пратеници за да бидат вклучени во преговорите на работните групи потписнички на Договорот од Пржино. На повик на ЗНМ, ССНМ и на МИМ, педесетина новинари половина час го блокираа влезот на Клубот на пратеници и својот револт го искажаа исвиркувајќи ги членовите на работните групи. Не е јасно дали под притисок на новинарите, но...

Селмани: Големите казни ќе ги затворат медиумите

Доколку новинарските здруженија не бидат вклучени во разговорите за медиумите на политичките партии и на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, новинарите ќе протестираат пред Клубот на пратеници, изјави претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани. Тој реагираше на последните измени на Изборниот законик во кој се вклучени и интернет-порталите и предвидени се глоби од 8.000 евра. - Најновите измени во Изборниот законик, кои...

Работните групи завршија без договор за медиумите

Средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино завршија без конкретен договор за медиумите. Роберт Поповски од СДСМ вели дека денеска разговарале за агенцијата за медиуми, а дека повторно ќе се сретнат в понеделник. - Денеска на работната група разговаравме за агенцијата за медиуми и само ние како учесници имавме доставено предлог како таа да функционира, па затоа...

Договорениот пакет закони в понеделник во Собрание

Изборниот законик, законот за влада и законите за приватност и за „свиркачи“ в понеделник ќе бидат на дневен ред во Собранието. Како што велат од СДСМ, треба уште еднаш да се разгледаат и да се препрочитаат сите регулативи за кои партиите се согласија вчера, па потоа да се дадат во Собрание за пратениците да ги разгледуваат и да ги потврдат. Од ВМРО-ДПМНЕ...

ЕУ: Ќе веруваме, кога ќе го видиме договорот!

Мисијата на Европската унија на Македонија засега се воздржува од коментирање на вчерашниот договор, бидејќи сè уште го немаат добиено. „Ќе веруваме, кога ќе го видиме“, соопштија кратко од делегацијата на ЕУ. Еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан, кој денеска е во посета на Косово, сепак, нема да ја посети Македонија. Од прес-службата од канцеларијата на еврокомесарот, на...

Финишираат преговорите околу последните детали за спорните прашања

Почна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино за решавање на спорните прашања. Иако се очекуваше дека решението е на повидок, сепак, извори од работните групи за „Мета“ тврдат дека сè уште нема целосен договор за законот за влада и за законот за приватност (прислушувани материјали). Оптимистичките прогнози велат дека, сепак, најдоцна до утре би требало да...

Викендов нема преговори, Ванхауте е на консултации во Брисел

Без речиси никакво поместување, завршиле и вчерашните поединечни обиди на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте за приближување на позициите на партиите потписнички на Договорот од Пржино околу ингеренциите на министрите на опозицијата, објави „24 Вести“. Викендов нема да има преговори бидејќи олеснувачот Ванхауте е во Брисел, на дополнителни консултации. Преговорите на партиите запнаа кај ингеренциите на новите министри и заменици-министри кои треба...

Котевски: Ванхауте знае кого и колку притиска

„Преговорите се живи и разговорите се во тек, но за тоа најубаво да го прашате посредникот во разговорите, Питер Ванхауте“, вели и денеска директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. На прашање на „Мета“ дали во билатералните средби што посредникот ги има со партиите, поголем е притисокот кон ВМРО-ДПМНЕ, Котевски вели дека за да го коментира тоа, треба да...

Ван Хојте: Работната група се фокусира на билатерални средби за клучните прашања

Земајќи ги предвид последните случувања, работна група се договорила да се фокусира на билатерални средби за да се решат двете клучни прашања, односно изборот на преостанатите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство и именувањето на министри и на заменици-министри во Владата, изјави белгискиот олеснувач Питер ван Хојте. Според него, откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со работна група, која официјално...

Што ги кочи преговорите на работните групи?

Поминаа речиси пет месеци од потпишувањето на Договорот од Пржино на 2 јуни и еден месец помалку од Протоколот потпишан на 15 јули, исто така, во Пржино. Кога почнаа средбите на работните групи, преговорите имаа некаков успех, се избра специјален обвинител, се донесе закон за специјално обвинителство, но веќе осум дена, откако Советот на јавни обвинители не ги избра сите...

ВМРО-ДПМНЕ: Ако не успеат преговорите, и за нас се сите опции отворени

ВМРО-ДПМНЕ вели дека нејзините претставници на работните групи се однесуваат принципиелно, а во согласност со Договорот од Пржино, но од СДСМ се обидувале по секоја цена, со паушални толкувања, да бараат негово проширување и дополнување. - И за нас се отворени сите опции. Отворени се сите опции за активности и за дејства предвидени со законите и со Уставот кои како практика...

ЕК: Разочарани сме, Договорот од Пржино е јасен пат кон прогресот

Европската комисија денеска изрази разочарување поради повторното пробивање на роковите од Договорот од Пржино. - Комисијата е разочарана и ги повикува на лидерство и на одговорност сите политички партии и со добра волја да го имплементираат договорот – изјави за „Мета“, Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. Коцијанчич истакна дека постигнатиот договор го посочува...

Стејт департмент: Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза

Американскиот Стејт департмент оцени дека Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза во Македонија и ги повика политичките партии да ја продолжат неговата имплементација. - Ги охрабруваме македонските лидери да го надградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементирањето на политичкиот договор од 15 јули, кој, всушност, претставува најдобар начин за излез од кризата и за...

Хојте: Законот за „бомбите“ мора да е европски ако имате аспирации кон ЕУ

Почна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, на која треба да се договорат законите за влада, за „бомбите“ и за таканаречените „свиркачи“. Вчера лидерите на четирите политички партии на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, не постигнаа никаков договор. Белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте, пред почетокот на средбата, ги повика партиите...

ВМРО-ДПМНЕ бара закон за „бомби“, а СДСМ сака само измена на кривичниот законик

Доколку до вечер на полноќ не се постигне договор на политичките партии во работните групи, во СДСМ размислуваат за повеќе сценарија, меѓу кои е и објавувањето нови аудиоснимки од прислушувани разговори, дознава „Мета“ од извори од опозициската партија. Оттаму информираат дека главниот проблем што го имаат со ВМРО-ДПМНЕ е законот за „бомби“ и законот за влада. Дознаваме дека од ВМРО-ДПМНЕ бараат...

Уште една шанса за Договорот од Пржино, преговорите продолжуваат

Претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 17 часот ќе ги продолжат средбите на работните групи во Клубот на пратеници. Средбата е одложена за два часа на барање на ВМРО-ДПМНЕ. На дневен ред пред преговарачите од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ  и од ДПА ќе се најдат законите за влада и за таканаречените „свиркачи“. Лидерите на четирите политички партии...

Почна средбата меѓу Груевски и Хан

Во придружба на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и на заменик-министерот за правда, Билјана Бришковска, премиерот Никола Груевски пристигна во резиденцијата на Европската унија. На средбата во резиденцијата, премиерот Груевски треба да се сретне со еврокомесарот за проширување и соседска шполитика, Јоханес Хан. Хан ќе има средби и со другите лидери на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, а се...

Ван Хојте: Работиме напорно, мора да постигнеме напредок во оваа земја

Изминатата ноќ била тешка за работните групи, кои ги договараат точките за имплементација на Договорот од Пржино, изјави белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте, објави „А1 он“ . Тој пристигна во резиденцијата на ЕУ во Пржино, каде еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе има средби со лидерите на четирите политички партии. - Работиме секој ден за да постигнеме напредок, можам да кажам...

Што го чека Хан во Скопје?

Секогаш кога преговорите на политичките партии ќе отидат во ќор-сокак, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, доаѓа да ја откочи работата. Тој во последните четири месеци трипати беше во Македонија - на 2 јуни, 13 јули и на 18 септември. По бурната недела, Хан в понеделник по четврти пат ќе пристигне во Скопје. Неговата портпаролка, Маја Коцијанчич, рече дека одблизу го следат...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...