fbpx
Таг: работни групи

таг: работни групи

Критични преговорите за медиумите во работните групи

Преговорите во работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, критично заглавиле во сферата на медиумските реформи, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови. Според нашите информации, преговорите за реформите за медиумите не се мрднати од мртва точка, а нема ниту изгледи за брзо решавање на ова прашање. Дознаваме дека преговорите за методологијата за прочистување на избирачкиот список се одвиваат...

ВМРО-ДПМНЕ доставила нови предлози за избирачкиот список и за медиумските рефрми

ВМРО-ДПМНЕ доставила два предлога на денешната средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, која се одржа попладнево во Клубот на пратеници со посредство на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. Едниот од предлозите се однесувал на прочистување на избирачкиот список, а другиот на медиумските реформи. Другите партии за меѓупартиски консултации имаат време до утре, до 18.30 часот, за кога е закажана нова...

Теренската проверка на избирачкиот список се враќа на маса

СДСМ бара „сериозна теренска проверка на избирачкиот список“ за да може да се каже дека ќе има фер и демократски избори. Ова ќе биде и една од темите на денешната средба на работните групи на претставниците на политичките партии, која почнува во 17 часот во Клубот на пратеници. На средбата ќе се разговара и за регулацијата на медиумите. Последната средба на работните групи беше...

ЕУ му твитна на Груевски: Кој потпишал, мора да ги поддржи и Јанева и Ванхауте

Мисијата на Европската унија во Скопје денеска преку својот официјален твитер-прифил ги повика политичките партии да ги почитуваат Договорот од Пржино и работата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. „Сите потписници на Договорот од Пржино треба да ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство и на четиристраните работни групи“, напишаа од Делегацијата на ЕУ на „Твитер“. Special Prosecutor and 4 party...

Работните групи преговараат и за избирачкиот список и за медиумите

Средбата на работните групи на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино, во Клубот на пратеници во Скопје, вчера не донела никаков напредок, брифираат извори на „Мета“. Единствено што било договорено, а на инсистирање на СДСМ, е паралелно со методологијата за прочистување на избирачкиот список, да се преговара и за реформите во медиумите. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја прифатија предложената методолгија од...

Денеска работните групи ќе разговараат за избирачкиот список

Денеска, во 16.30 часот, во Клубот на пратеници работните групи ќе одржат средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. На средбата ќе се разговара за прочистувањето на избирачкиот список. До почнувањето на средбата, партиите ќе треба да ги достават своите мислења и коментари за методологиите изработени од Државната изборна комисија. И на вчерашната средба, работните групи разговараа за прочистувањето на избиртачкиот список, а...

Ванхауте е оптимист дека денеска ќе се решат преостанатите две прашања од договорот

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред денешната средба на работната група во Клубот на пратеници, рече дека е оптимист и дека се надева дека денеска ќе се решат двете преостанати прашања од Договорот од Пржино. Тој рече дека денеска ќе се разговара за два проблеми, односно за медиумите и за методологијaта за прочистувње на избирачкиот списиок. - Очекуваме дека денеска ќе има...

Продолжуваат преговорите на работните групи со Ванхауте

Работна група составена од претставници на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 14.30 часот ќе се сретне за да ги продолжи преговорите за медиумите и за правилникот за методологија за водење и за ажурирање на избирачкиот список, најави белгискиот олеснувач Питер Ванхауте преку соопштение за медиуми. „Работната група ќе го опфати и правилникот за методологија за целосен...

Работните групи за медиумите останаа да висат

Неизвесно е дали денеска ќе се одржат средби на работните групи за медиумите. Преговорите се сопрени откако по предлог на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, политичките партии требаше да предложат можни решенија. За денеска партиите требашеда ги кажат своите мислења во оваа сфера, особено како тие би се одразиле на изборите закажани за 24 април следната година. Сепак, досега нема закажано средба. Не...

Преговарачите без коментар за новата рунда разговори за медиумите

Денеска во Клубот на пратеници продолжија преговорите на политичките партии за реформите во медиумите што треба да се направат во согласност со Договорот од Пржино. Претставниците на политичките партии и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте не сакаа да коментираат пред средбата за можниот тек на преговорите и за изгледите за брзо решение. Се очекува политичките партии да договорат нов состав за советот...

Работните групи за медиумите денеска продолжуваат со работа

Денеска во Клубот на пратеници продолжуваат преговорите на политичките партии за реформите во медиумите што треба да се направат во согласност со Договорот од Пржино. Се очекува политичките партии да договорат нов состав за советот на Агенцијата за медиуми, да се промени раководството на МРТВ, како и тоа на МИА, со што овие тела би се ослободиле од влијанието на...

Анкетната комисија со два тима ќе влегува во УБК, Царина, МВР, Телеком, АЕК…

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето на денешното продолжение на четвртата седница именуваше две работни групи, кои до крајот на месецов треба да ги посетат институциите поврзани со работата на комисијата. Членовите од едната група ќе одат во посета на службите и на институциите што располагаат со техника и со технологија за преслушување, односно Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Агенцијата...

Бејли загрижен поради пробивањето на рокот за ДИК

Американскиот амбасадор Џес Бејли изрази загриженост поради повторното пробивање на роковите предвидени со Договорот од Пржино. - Загрижен сум поради пропуштениот рок за назначување на Државната изборна комисија (ДИК). Независноста, искуството и експертизата треба да бидат критериум за избор на непартиските претставници – напиша американскиот амбасадор на социјалната мрежа „Твитер“. Бејли истакна дека ДИК треба да заврши многу работи до април...

Mедиумите на пауза додека не се договори ДИК

Партиите потписнички на Договорот од Пржино денеска ќе продолжат со преговорите во работните групи, кои се одржуваат во Клубот на пратеници, за да ги решат проблемите што се појавија во врска со изборот на членови на Државната изборна комисија. Тоа, пак, ги одложи преговорите на работните групи за медиумите, за кои денеска до пладне немаше закажано средба. Според последните информации, стеснет е кругот на...

Роковите се стеснуваат, ќе успее ли ДИК да го подготви теренот за фер избори во април

Уште точно 138 дена има до предвремените парламентарни избори закажани на 24 април идната година, а политичките партии сè уште не се договориле за изборот на членовите на Државната изборна комисија. Партиите предложија членови, но не можат да се договорат околу експертите кои треба, исто така, да членуваат во највисокото изборно тело. Според Договорот од Пржино, ДИК треба да ја сочинуваат девет члена,...

Партиите ќе ја трошат и идната недела за договор за медиумите

Преговарачите на политичките партии и денеска не успеаја да се договорат за законите од сферата на медиумите во рамките на работните групи, чии средби се одржуваат во Клубот на пратеници во Скопје, дознава „Мета“. Според нашите информации, тие разговарале за реформи во МРТ, но сè уште имаат дијаметрално различни ставови за ова прашање. Работните групи вчера не постигнаа напредок ниту во...

ВМРО-ДПМНЕ бара новинарските здруженија да достават предлози за законот за медиуми

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика ЗНМ, МАН, ССНМ, Агенцијата за медиуми и сите спортски, културни, верски и други организации што се засегнати од законот за медиуми да достават свој предлог до нив за да може оваа партија забелешките да ги стави на маса во Клубот на пратеници пред другите чинители на Договорот од Пржино. Според Илија Димовски, член на работната група на...

СДСМ предложи, а ВМРО-ДПМНЕ нема против медиумите да учествуваат во преговорите

СДСМ предложи, а ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против претставници на медиумите и на новинарските здруженија да учествуваат во преговорите на работните групи, кои разговараат за проблемите во медиумите. Роберт Поповски, претседател на работната група на СДСМ за медиумите, денеска на прес-конференција пред Клубот на пратеници рече дека предлогот медиумите и невладините организации да учествуваат во преговарачкиот процес ќе го стави...

Ванхауте соопшти дека денес се преговара за Агенцијата за медиуми

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, објави соопштение до медиумите насловено „Прогрес во преговорите за медиумите“. Тој вели дека на денешната средба на работните групи се дискутира за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поконкретно за улогата и функционирањето на Агенцијата. „На средбата на работната група денес се дискутира за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поконкретно за улогата и функционирањето...

Шилегов: По медиумите, ќе се преговара за судовите

Откако ќе завршат преговорите на работните групи за решавање на проблемите во медиумите, политичките партии ќе почнат разговори за судовите, рече Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата пред Владата. - Избирањето на претседатели на судовите денеска само зборува за дволичноста на ВМРО-ДПМНЕ во фазата на разговори и преговори за надминување на политичката криза. Денеска се избира претседател на скопска...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...