fbpx

Што го чека Хан во Скопје?

-

Секогаш кога преговорите на политичките партии ќе отидат во ќор-сокак, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, доаѓа да ја откочи работата. Тој во последните четири месеци трипати беше во Македонија – на 2 јуни, 13 јули и на 18 септември.

По бурната недела, Хан в понеделник по четврти пат ќе пристигне во Скопје.

Неговата портпаролка, Маја Коцијанчич, рече дека одблизу го следат развојот на настаните и ги повикуваат сите партии да продолжат да работат на имплементирање на Договорот од Пржино.

Премиерот Никола Груевски ја обвини опозицијата дека со своето однесување ја изнудила посетата на еврокомесарот.

Овојпат тој ќе има малку повеќе работа и еве што сè го чека во Скопје:

1. Раскарани политички парти

  • Формално, опозицискиот СДСМ се врати во Собранието, но анимозитетот и гледањето „преку нишан“ на најголемите партии продолжува и се засилува. По одлуката на Советот да избере само седум од 14 кандидати за помошници-обвинители кои ги побара специјалната обвинителка Катица Јанева, опозицијата одлучи да ги напушти преговорите. Сепак, утрово партиите постигнаа договор околу изборната регулатива.

2. Закочени, па откочени преговори

  • Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте и владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ излегоа со изјава дека е постигнат договор за изборниот законик и за сите други детали околу изборите, но од СДСМ реагираа дека преговорите биле при крај, но дека договор немало, како и дека Договорт од Пржино за нив „не е активен“.

3. Раскарани обвинителства

  • Специјалната обвинителка побара нешто повеќе од еден милион евра и 14 помошници обвинители, но една од причините поради кои Советет на јавни обвинители не го изгласа целиот тим на Јанева е тоа што на другите обвинителства во Македонија им недостигале пари и обвинители, а барале и подобри услови за работа. Четирите партии испратија писмо до Советот со кое браат на Јанева да ѝ се изгласаат и другите седум помошници. Јанева побара помош од медиумите и апелираше до назначените седум помошници специјални обвнители да не дадат свечена изјава.

4. Статус кво во ситуацијата со медиумите

  • Работните групи до 15 октомври требаше да договорат и некои работи околу функционирањето на медиумите. Но, претставниците на политичките партии имаа само една средба на која новинарските здруженија ЗНМ и МАН дадоа свои предлози за тоа како да се подобри состојбата со медиумите.

5. Неформирана (собраниска) анкетна комисија

  • Анкетната комисија која беше предвидено да биде составена од пратеници на политичките партии, требаше да има мандат да разговара за прислушуваните разговори, од каде се набавени и нивната содржина. Комисијата требаше да се формира до средината на септември, а во ноември да го поднесе првиот извештај.

6. Мигрантска криза

  • Големиот бран мигранти продолжува да ја заплиснува Македонија. Според известувањата на МВР, дневно низ Македонија транзитираат во просек околу 2.500 регистирирани мигранти. Според УНХЦР, пак, таа бројка е двојно поголема. На сила е кризната состојба која ја прогласи Владата и според која, на јужната граница се распоредени сили на МВР и на АРМ. Во моментов мигрантите мирно и без проблеми се траспортираат до границата со Србија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...