fbpx
Таг: пуч

таг: пуч

Обвинителството за 15 дена треба да одлучи дали ќе покрене обвинение за „Пуч“

Истражаната постапка за случајот „Пуч“ е завршена со вчерашниот последен распит на осомничените, меѓу кои и опозицискиот лидер Зоран Заев, како четвртоосомничен, и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски. Според законските прописи, сега јавниот обвинител има рок од 15 дена да покрене обвинителен акт.  

Заев и денеска во Обвинителство

Четвртообвинетиот во случајот „Пуч“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе дава исказ во Јавното обвинителство. За истиот случај, првообвинетиот Зоран Верушевски два дена даваше исказ во обвинителството. Во вторникот Заев даваше исказ за случајот „Поткуп“.

Груевски денеска давал исказ за акцијата „Пуч“

Премиерот Никола Груевски денеска бил повикан во Јавното обвинителство за организиран криминал за да даде исказ како оштетен во аферата „Пуч“, јавува телевизијата „Алфа“. Во четврток пред обвинителот за организиран криминал исказ треба да даде Зоран Заев, кој е осомничен дека со компромитирачки материјали, што ги добивал од Верушевски, го уценувал премиерот Груевски. МВР кривично го гони Заев за насилство врз претставници на...

Верушевски денеска на распит во Обвинителство за делото шпионажа

Поранешниот директор на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, денеска напладне  дал исказ пред јавен обвинител во врска со случајот  „Пуч“ , во кој  тој е првоосомничен и се товари за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи, пренесува „Утрински“ на својата интернет-страница. Покрај Верушевски,  денеска бил спрoведен уште еден од осомничените во случајот, исто...

Заев не открива детали за писмото до „Њујорк тајмс“

Зоран Заев, лидерот на опозицискиот СДСМ, не сака да го коментира необјавеното и неиспратено писмо до „Њујорк тајмс“, за кое на денешната прес-конференција кажа дека се користи како доказен материјал во случајот за шпионажа. Писмото, наводно, е најдено во компјутерот на Зоран Верушевски, првообвинет во акцијата „Пуч“, но сè уште не може да открие што пишува во писмото. - Јас...

„Пуч“ и „бомбите“ го приземјија Груевски

По прес-конференцијата на премиерот Никола Груевски, која се одржа на 31 јануари 2015 година, кога и ја најави аферата „Пуч“, целото внимание на Владата, но и на нејзиниот прв човек, се насочи повеќе кон внатредржавните случувања. На сметка на тоа, пак, почна да заостанува агендата од надворешната политика. Проретчија патувањата на Груевски, а се намалија и посетите на странски државници...

ЕК нема да испрати експерти за надзор на „Пуч“ и на „Прислушување“

Европската комисија (ЕК) нема да испрати експерти за надзор на работата на јавното обвинителство по предметите од случајот „Пуч“ и од аферата „Прислушување“, одговориле од ЕК на поканата на Обвинителството. „Во одговорот сме известени дека Европската комисија во моментов нема да врши надворешната експертиза во содржината на која било поединечна кривична постапка. Притоа, во дописот е истакнато дека сметаат дека единствено...

ЕК сè уште не одлучила дали ќе испрати експерти во Обвинителството

Сè уште нема одговор од Европската комисија (ЕК) на поканата на Јавното обвинителство да испрати меѓународни експерти кои би ја следеле работата на обвинителите по предметите за случајот „Пуч  и предметите од аферата „Прислушување“, пренесува „24 Вести“. Од ЕК потврдиле дека го примиле официјалното барање од македонското јавно обвинителство, но засега немаат повеќе информации. - Во оваа фаза немам многу што...

Груевски, всушност, го поддржува Заев во објавувањето на снимките!

„Кодош е ако нешто, за убава работа ја напраи лоша. Не е кодош ако некои праат група лоши работи - овој да ќути. Значи тоа не е кодош. Треба да каже. Тоа е принципиелно, да се каже“. Ова, според премиерот Никола Груевски, е дефиниција за кодош која тој ѝ ја кажува на пратеничката Силвана Бонева во еден од разговорите што вчера...

Заев за „Ал Џезира“: Има закани за живот на опозиционери

Веруваме во конечна разврска, со која Никола Груевски ќе замине од политичката сцена, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју за „Ал Џезира“. - Ова е очекувана реакција од Груевски. Жално е што сака и ВМРО-ДПМНЕ да го повлече со него. Криминалот е околу Груевски и околу негови блиски соработници – рече Заев. Тој додаде дека во материјалот од прислушувани...

Заев повторно пред Јавен обвинител

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со својот адвокатски тим, денеска повторно се појави пред надлежен јавен обвинител од Одделот за организиран криминал, а во врска со случајот во кој е осомничен за примање поткуп, јавува телевизијата „24 Вести“. Заев пред пет дена беше на распит во јавното обвинителството за случајот „Пуч“, каде е четвртоосомничен. Како што пренесува телевизијата, лидерот на опозицијата...

Невозможна мисија: И странци и Зврлевски во Обвинителството

„Првин оставка на Марко Зврлевски, па потоа меѓународни експерти“, е генералниот став и своевиден услов на опозициските партии, на чело со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), во врска со поканата што Јавното обвинителство ја доставило до органите на Европската унија (ЕУ) за испраќање меѓународни експерти кои би ја надгледувале работата на обвинителите во случаите „Пуч“ и „Прислушување“. - Ние по ова...

Јакимовски: Треба да заврши циркусот на Заев

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, рече дека не го слушнал, како што вели, наводниот разговор меѓу него и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање. Јакимовски ги повика судските органи да преземат нешто и рече дека, конечно, време е фарсата да заврши. -  Она што мислам е дека, конечно,...

Обвинителството бара да го остават на мира

Јавното обвинителство денеска преку соопштение реагира на, како што велат оттаму, притисоците и нагласените повици за конечни одговори во врска со аферата „Прислушување“ и со случајот „Пуч“, како и повиците за лична и за колективна одговорност. „Сметајќи дека со ваквите напади, се нарушува независното работење на јавните обвинители, како одговорни за гонење на сторителите на кривичните дела, ја информираме јавноста...

Трајанов бара Собранието да расправа за политичката состојба во државата

Претседателот на Демократски сојуз и пратеник во Собранието, Павле Трајанов, доставил барање до претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, да свика пленарна седница на која ќе се расправа за актуелната политичка состојба во државата, по акцијата „Пуч“ и о снимките од прислушувани разговори што ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев. „Преку јавната презентација на аудиоснимките, на некои од министрите...

Заев за албански „Топ ченел“: ДУИ и ДПА се слуги на власта

Двете најголеми партии на Албанците во Македонија се слуги на власта и работат во интерес на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, изјави синоќа Зоран Заев, претседателот на СДСМ, во интервју за албанската телевизија„Топ ченел“, пренесе порталот „МКД.мк“. Во емисијата „Шќип“ на Ридина Џунга, Заев рече дека ДУИ и ДПА се слуги на актуелната власт, која „целосно ги контролира албанските политички партии во Македонија“. Заев...

МВР апелира да не се објавуваат нови снимки на „Јутјуб“

„МВР се придружува до апелот на Обвинителството, да не се објавуваат снимки на „Јутјуб“ кои можат да бидат искористени во понатамошна постапка. Но, се прашува и се пишува само за овие снимки. Зошто не се пишува за снимките што ги објавува Заев? Погледнете го членот 151 од кривичниот закон, објавува приватни разговори“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. На прашање на „Мета“,...

Зврлевски: Не гледам причина за недоверба во работата на јавниот обвинител

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, изјавил дека не гледа никаква причина за недоверба и за сомневање во неговата работа, објави „Дојче веле“, отакако партијата ДОМ, која е дел од владејачката коалиција, преку соопштение побара Зврлевски да си поднесе оставка. - Јас не гледам причина за недоверба и за сомневање во работата на државниот јавен обвинител. Досега, со моето професионално постапување...

Објавена нова видеоснимка од кабинетот на Груевски

На интернет-сервисот „Јутјуб“ е објавена нова видеоснимка од кабинетот на премиерот Никола Груевски. На снимката се гледа како Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, разговараат за изборите, а Заев вели дека анкетите покажувале дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Во реакцијата на СДСМ, пуштена по објавувањето на видеозаписот во медиумите, се наведува дека Груевски правел ново кривично дело со тоа што...

Груевски за Јуратовиќ: Човекот, веројатно, не е целосно информиран

На денешната промоција на нови дела од едицијата „Македонски искушенија“, премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на известувачот за Западен Балкан, пратеникот Јосип Јуратовиќ, кој во германскиот Бундестаг оцени дека повикувањето на странските служби како одговорни за прислушувањето во Македонија се евтини изговори, рече дека пратеникот не бил целосно информиран, објави „Нова ТВ“. - Човекот, веројатно, не...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...