fbpx

Јакимовски: Треба да заврши циркусот на Заев

-

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, рече дека не го слушнал, како што вели, наводниот разговор меѓу него и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Јакимовски ги повика судските органи да преземат нешто и рече дека, конечно, време е фарсата да заврши.

–  Она што мислам е дека, конечно, треба со оваа фарса да се привршува. Секаде во светот шпионите прво се апсат, па потоа се води истрага. Ова премногу долго трае и сметаме дека надлежните судски органи во Република Македонија треба да ги преземат чекорите за целиот циркус што го прави господинот Заев веќе да заврши и да има институционална разврска – изјави Јакимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...