fbpx

Трајанов бара Собранието да расправа за политичката состојба во државата

-

Претседателот на Демократски сојуз и пратеник во Собранието, Павле Трајанов, доставил барање до претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, да свика пленарна седница на која ќе се расправа за актуелната политичка состојба во државата, по акцијата „Пуч“ и о снимките од прислушувани разговори што ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

„Преку јавната презентација на аудиоснимките, на некои од министрите и од функционерите, сериозно им е нарушен кредибилитетот и интегритетот, поради изнесените информации за нивна „вклученост“ во кршење на изборните правила, влијание врз правосудните институции, медиумите, бизнисмените. Особено загрижува фактот што во последно време се објавуваат видеоснимки од преземени посебни истражни мерки (ПИМ), а отсуството на реакција на надлежните државни органи создава основана претпоставка дека тие ги објавуваат, додека на прес-конференции се објавуваат приватни разговори со кои во голема мера е нарушена приватноста на граѓаните“, стои во барањето на Трајанов.

Претседателот на Демократски сојуз бара Вељаноски да направи сè што е во негова моќ во работата на Собранието да бидат вклучени и пратеници од СДСМ и од другите политички партии од опозцијата.

За седницата, Трајанов бара да се обезбедат информации, извештаи и документи од надлежните комисии и од институциите, како Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Владата, како и материјали презентирани во јавноста од медиумите и од видеосервисот „Јутјуб“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...